Иран ги тужи САД пред Хаг: Американските санкции уништуваат милиони животи

Санкциите создаваат „проблеми и страдања, вклучително и рекорден пад на иранската трговија, со речиси двојно зголемување на цените на храната и сериозни удари врз здравствениот систем, додаде Олумијазди.

Санкциите што американскиот претседател Доналд Трамп повторно им ги воведе на Иран претставуваат „катастрофален напор за задушување на иранската економија и уништување милиони животи”, соопшти денеска Техеран пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Судот во Хаг неделава одржува рочишта за да утврди дали има надлежност за случајот што Иран му го предаде на МСП, тврдејќи дека санкциите на САД го нарушуваат договорот за пријателство меѓу двете земји.

Одлуката на судиите ќе биде објавена подоцна.

Претставникот на Техеран, Хамидреза Олумијазди, пред судот изјави дека повторното воведување санкции претставува јасно кршење на договорот за пријателство меѓу двете земји од 1955 година, а двете земји немаат дипломатски односи веќе 40 години.

Вашингтон, кој го поништи договорот, соопшти дека текстот нема никаква врска со спорот и дека Иран се повикал на него само за да ја утврди јурисдикцијата на МСП, највисокото судско тело на Обединетите нации.

-Американските мерки и политики на максимален притисок не ја земаат предвид самата основа на меѓународното право, рече Олуумијазди.

Санкциите создаваат „проблеми и страдања, вклучително и рекорден пад на иранската трговија, со речиси двојно зголемување на цените на храната и сериозни удари врз здравствениот систем, додаде тој.

„На американската администрација сега единствено важно и е дали нејзините мерки ќе успеат да ја уништат иранската економија и милиони ирански животи”, продолжи Олуумијазди.

САД во понеделникот побараа од МСП да го отфрлат барањето на Иран за укинување на санкцијата, нарекувајќи го однесувањето на Техеран „сериозна закана” за светската безбедност. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот