Иран ги обнови дипломатските односи со Саудиска Арабија, но Ријад не потврди

Знаме на Иран / Фото: МИА

Иран денеска соопшти дека постигнал договор со Саудиска Арабија за обновување на дипломатските односи, додека саудиските власти не го потврдија договорот.

Иранската државна телевизија јави за договорот, велејќи дека тој е направен на состанок во Кина.

Саудиска Арабија ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстрантите упаднаа во саудиското дипломатско претставништво.

Демонстрациите во Иран беа поттикнати од егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот