Иран ги брише нулите од ријалот

Иранската новинска агенција ИСНА денеска јави дека Парламентот одобрил предлог закон за бришење на четири нули, кој мора да го одобри и исламскиот Совет на чувари.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година повторно воведе санкции против Иран и се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма кој беше потпишан во 2015 година, ријалот ослабна за 60 проценти од својата вредност. Со тоа повторно се актуализираше идејата за кратење на нули од иранската валута. Ваквата идеја беше во оптек уште од 2008 година.

Иранските државни медиуми денеска објавија дека покрај кратење на четири нули Иранскиот Парламент усвоил и промена на називот на валутата во томан.

Иранската новинска агенција ИСНА денеска јави дека Парламентот одобрил предлог закон за бришење на четири нули, кој мора да го одобри и исламскиот Совет на чувари.

Службената валута во иднина ќе биде томан кој ќе има 10.000 ријали. До сега томанот беше пониска парична единица – еден ријал имаше 100 томани.

Државната телевизија информира дека централната банка на Иран ќе има рок од две години да го смени називот на валутата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот