Иран бара одговор за три клучни прашања пред нуклеарниот договор да биде потпишан

Иранско знаме / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран денеска соопшти дека обновувањето на нуклеарниот договор од 2015 година е можно доколку западните сили донесат политичка одлука за решавање на трите преостанати прашања, бидејќи индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон влегуваат во клучна фаза, пишува Ројтерс.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги идентификуваше преостанатите отворени прашања како: степенот до кој санкциите ќе бидат повлечени, обезбедувањето гаранции дека САД нема повторно да се откажат од пактот и решавањето на прашањата за трагите од ураниум пронајдени на неколку стари, но непријавени локации во Иран.

По 10 месеци разговори во Виена, постигнат е напредок кон обновување на пактот за ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на санкциите, кои САД ги напуштија во 2018 година. И Техеран и Вашингтон предупредија дека сè уште има некои значајни разлики кои треба да се надминат.

„Можно е да се постигне добар договор, но остануваат уште три клучни прашања кои треба да се решат. САД и европските сили не донесоа политички одлуки за овие главни прашања“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде на неделната прес-конференција.

„Ние веруваме дека ни е потребен соодветен пат за решавање на преостанатите прашања во областа на укинување на санкциите, гаранциите и политичките претензии што беа изнесени против нашата мирољубива цивилна нуклеарна програма“, рече Хатибзаде.

Водечкиот ирански нуклеарен преговарач Али Багери Кани, кој допатува во Техеран минатата недела на консултации со иранските власти, „се врати во Виена за да ги продолжи преговорите со јасна агенда“, рече Хатибзаде.

„Враќањето на нуклеарниот договор нема да биде еднодневен процес, туку ќе биде патување со многу проверки од страна на САД“.

Дипломатите од страните вклучени во преговорите рекоа дека влегле во клучна фаза, додека Техеран отфрла каков било „измислен рок“ за разговорите.

Договорот меѓу Иран и светските сили од 2015 година го ограничи збогатувањето ураниум на Техеран за да му го отежне развојот на материјал што може да се користи за нуклеарно оружје, во замена за укинување на меѓународните санкции против Техеран.

Но, во 2018 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп го напушти пактот и повторно воведе санкции кои ја уништија економијата на Иран зависна од нафта. Како одговор, Техеран ги прекрши нуклеарните граници во договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот