Иран бара од Интерпол потерница за Трамп и уште 47 американски претставници

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

– Утврдено е дека во убиството на Сулејмани се вмешани 48 лица, вклучувајќи го и американскиот претседател како првообвинет, како и команданти и претставници на Пентагон и американски војници во регионот, истакна Исмаили.

Иран испрати барање до Интерпол за распишување на меѓународна црвена потерница за 48 американски високи претставници, меѓу кои и претседателот на САД Доналд Трамп, кои се товарат за вмешаност во убиството на генералот Касем Сулејмани.

Портпаролот на иранското Министерство за правда Гулам Хусеин Исмаили истакна дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда се води во соработка со шест држави, вклучувајќи го и Ирак.

– Утврдено е дека во убиството на Сулејмани се вмешани 48 лица, вклучувајќи го и американскиот претседател како првообвинет, како и команданти и претставници на Пентагон и американски војници во регионот, истакна Исмаили.

Тој додаде дека Иран побарал од Интерпол да распише меѓународна црвена потерница за осомничените.

Шпион на ЦИА ќе биде егзекутиран заради вмешаност во убиството на генералот Сулејмани

Сулејмани е убиен на 3 јануари 2020 година во американски воздушен напад со дрон во Багдад, при што загинаа десет луѓе.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот