Иран бара милијарди долари кои се замрзнати од банките во Јужна Кореја

Фото: Архива

Во банките во Јужна Кореја се блокирани меѓу 6,5 и девет милијарди американски долари  што му припаѓаат на Иран.

Иран ја повика Јужна Кореја да ги ослободи  иранските средства изразени во повеќе милијарди долари, што заради американските санкции се замрзнати во банките во Јужна Кореја.

-Забраната на Јужна Кореја нашата земја да ги користи ресурсите на Централната банка за купување на основни производи, лекови и хуманитарни средства на ниту еден начин не е прифатлива и очекуваме владата во Сеул да ги укине овие ограничувања што е можно поскоро, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за британските медиуми.

Тој му наложи на директорот на иранската Централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

Рохани не кажа колку пари се замрзнати, но новинската агенција Борна го цитираше претседателот на Иранско-јужнокорејската трговска комора, Хосеин Танахи, кој соопшти дека во банките во Јужна Кореја се блокирани меѓу 6,5 и девет милијарди американски долари  што му припаѓаат на Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот