Иран: Американската понуда за помош е смешна

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Иран денеска ја отфрли понудата на САД да помогне во борбата против коронавирусот како „смешна“, истакнувајќи дека токму поради американските санкции земјата не може да набави ниту лекови.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека САД му понудиле помош на Иран и изрази сомневање во подготвеноста на Техеран да споделува информации.

– Изјавата за помош на Иран во борбата против коронавирусот од земја која со својот економски тероризам изврши голем притисок врз иранските граѓани, па дури ги затвори и патишта за купување лекови и медицинска опрема е смешна политичко-психолошка игра – рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот