Ирак се понуди да биде посредник меѓу Иран и Сад

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али Алхаким денеска понуди Ирак да биде посредник меѓу Иран и САД, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји, и рече дека Багдад ќе работат за да дојде до задоволително решение.

– Се обидуваме да помогне и да бидеме посредници – изјави Алхаким на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф во Багдад.

Алхаким, осврнувајќи се на санкции на САД, изјави дека не верува оти „економската блокада” е плодотворна и објасни дека Ирак е против едностраните чекори на Вашингтон.

Во последните недели, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран доведоа до тоа САД да испратат носач на авиони и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив, поради закана од Иран.

САД, кои имаат 600 војници на Блискиот Исток, планираат да испратат уште 900.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој е во посета на Багдад, претходно изјави дека Техеран силно ќе се брани од каква било воена или економска агресија и ги повика европските држави да сторат повеќе за зачувување на нуклеарниот договор со Иран.

Според Зариф, неговата земја сака да изгради балансиран однос со заливските арапски соседи и предложи да се формира сојуз за ненапаѓање со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот