Ирак: Неисполнетите ветувања на премиерот предизвикаа хаос во Багдад (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Силите за безбедност треба да престанат да пукаат кон нас. На двете страни има Ирачани. Зошто ги убивате своите браќа? – прашува еден демонстрант во Багдад.

Двајца ирачки полицајци се убиени, а десетина демонстранти се повредени денес во Багдад и во други играчки градови, за време на нови судири со полицијата.

Во неколку градови на југот на Ирак стотина демонстранти палеа гуми и ги блокираа главните патишта, изразувајќи незадоволство поради тоа што премиер Адел Абдул Махди не ги исполнил ветувањата, меѓу кои беше и именувањето на нова влада која е прифатлива на Ирачаните.

На багдадскиот плоштад Тајаран за време на ноќта демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата, која одговори со солзавец и димни бомби, пренесува „Ројтерс“.

– Силите за безбедност треба да престанат да пукаат кон нас. На двете страни има Ирачани. Зошто ги убивате своите браќа? – прашува еден демонстрант во Багдад.

Во ирачкиот нафтен град Басри, двајца полицијајци за време на протестот се прегазени со автомобил, рекоа безбедносни извори, додавајќи ја можноста дека возачот случајно удрил во полицајите додека се обидувал да го избегне местото на судирот на силите за безбедност и протестантите.

Багдадската полиција соопшти дека нејзините сили повторно ги отвориле сите патишта кои ги затвориле „насилните собири“.

Соопштено е дека 14 полицајци се повредени во близина на плоштадот Тахрир, а некои од нив имаат рани по главите и скршени им се коските.

Сообраќајот беше успорен и на автопатот кој го поврзува Багдад со јужните градови, но немирите немаа влијание врз производството на нафтата, соопштија официјалните лица.

Повеќе од 450 луѓе се убиени во масовните протести кои го зафатија Ирак од 1 октомври, кога главно малдите демонстранти бараа преуредување на политичкиот систем кој го сметаат за корумпиран и кој според нив, држи поголем дел од Ирачаните во сиромаштво.

Протестите се продолжени поради тоа што вниманието на јавноста повеќе не е насочено кон заканите од американско-иранскиот судир по убиството на еден од водечките ирански генерали Касем Сулејмани, во близина на Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот