Ирак: Најмалку 157 мртви од почетокот на протестите

Фото: Профимедиа

Најмалку 157 лица, најголемиот дел демонстранти, загинаа од вторникот до денеска во антивладините протести во Ирак, соопштија ирачките власти.

Во 70 отсто од смртните случаи на демонстрантите, демонстрантите биле застрелани од огнено оружје.

Властите соопштија и дека повеќе команданти од службите за безбедност се разрешени во седум од 18 ирачки провинции.

Демонстрации се одржуваат во Багдад и други, претежно јужни градови. Демонстрантите најчесто се млади луѓе кои бараат отворање нови работни места, сузбивање на корупцијата и функционална јавна администрација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот