Ирак: Министерот за здравство поднесе оставка по пожарот во болница во кој загинаа повеќе од 80 лица

Ирачкиот министер за здравство Хасан ал Тамими денеска поднесе оставка, 10 дена по пожарот во ковид болница во Багдад, во кој загинаа повеќе од 80 лица.

Хасан ал-Тамими, кој се приклучи на владата со поддршка на моќниот шиитски лидер Моктада ал Садр, се повлекува по сопствена желба, се вели во владиното соопштение.

Пожарот, во кој загинаа 82 лица и беа повредени 110, предизвика бес на социјалните мрежи, со широко распространет хаштаг со кој се бара да биде отпуштен министерот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот