ИРАЧКИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ ЕСКАЛИРААТ: Еден лекар загина, а десетици се повредени

Фото: Профимедиа

Антивладините демонстранти во Ирак денеска го заземаа четвртиот мост во центарот на Багдад, од каде безбедносните сили ги одбиваа со палки и солзавец, повредувајќи десетици луѓе, додека еден лекар е убиен во близина на друг мост додека им помагал на демонстрантите.

Армијата ги повика демонстрантите да престанат да блокираат патишта и пристаништа, истакнувајќи дека тоа Ирак досега го чини шест милијарди долари и вети дека ќе ги уапси одговорните за нередите.

Американската Амбасада ја повика Владата „сериозно и итно да се ангажира” околу демонстрантите и ги осуди нападите врз нив.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во главниот град и шиитскиот југ во последните недели, барајќи големи политички промени.

Демонстрантите се жалат на широко распространета корупција, недостиг на можности за вработување и лоши основни услуги, особено редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија и покрај огромните резерви на нафта во Ирак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот