ИПИ: Загрозена слободата на медиумите во Европа во време на здравствена криза

Меѓународниот институт за печат (ИПИ), со седиште во Виена, во неодамнешниот извештај наведува дека владите на „загрижувачки голем број европски земји”, особено во источна и централна Европа, ја искористиле тековната здравствена криза како изговор за ограничување на слободниот проток на информации, како и влијание врз независните медиуми.

Во статистичкото истражување на случаи на кршење на слободата на медиуми по региони, ИПИ наведува дека во Европа се забележани осум случаи на апсења или тужби против новинари, два случаи на ограничување на пристап до информации, пет случаи на цензура, четири случаи на престрога регулатива кога станува збор за лажни вести, како и девет случаи на вербални или физички напади – што изнесува вкупно 28 случаи – повеќе отколку во кој било друг дел од светот.

По нив следуваат азиско-пацифичкиот регион со вкупно 23 случаи, Африка со 19, американскиот континент со 14 и регионот на Блискиот исток и Северна Африка со 11 случаи.

Според ИПИ, најсериозните закани по слободата на медиумите досега се идентификувани во Унгарија и Русија, каде се користи пандемија за заострување на контролата врз информациите.

ИПИ посочува дека унгарската Влада минатата недела донесе закон со кој на премиерот Виктор Орбан му се дадени нови, вонредни овластувања кои му овозможуваат да владее со помош на Уредби.

Со гласовите на двотретинско парламентарно мнозинство обезбедено од партијата „Фидес” на Орбан, вонредната состојба во Унгарија е продолжена, а Орбан сега, на неопределено време има овластување да управува со земјата без парламент, се вели во извештајот.

Владите на Бугарија и Романија, кои и претходно имаа лоши резултати во слободата на медиумите, воведоа и сериозни казни за „лажни вести” за коронавирусот, што носи ризик од злоупотреби и мешање во капацитетите на медиумите да ја информираат јавноста, се посочува во извештајот.

Во други места, во земји како Србија и Молдавија се премина на контролирано известување, со воведување ограничувања на пристапот до информации, па дури и се обидуваат да забранат написи каде се искажува сопствен став, посочува ИПИ во својот извештај..

Во Србија, каде што претседателот Александар Вушиќ спроведува некои од најригорозните ограничувања поврзани со коронавирусот во Европа, Владата премина на централизирано информирање за вирусот. Меѓу нив беше и одредба со која се казнуваат локалните институции одза давање информации на медиумите во врска со пандемијата на коронавирус доколку немаат „овластување” од Белград. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот