Ипанема, eдна од најсекси плажите на светот

Ипанема е населба лоцирана во Јужната зона на градот Рио де Жанеиро (Бразил), помеѓу градовите Леблон и Арпоадор. Плажата кај Ипанема стана меѓународна позната со популарноста на џез-песната bossa nova „Девојчето од Ипанема“ (Garota de Ipanema), напишана од Антонио Карлос Joвобим и Виничиус де Мораес. Песната е компонирана во 1962 година, додека англиските стихови се преведени подоцна од Норман Гимбел.

Граничната област помеѓу Копакабана и Ипанема е позната со локалното име „Копанема“.

Двете планини кои се издигаат на западниот крај на плажата се наречени „Двајца браќа“ (Dois Irmãos). Самата плажа е поделена на декорирани сегменти. Насекаде се продава пиво, заедно со традиционалниот алкохол. Постојано посетителите играат фудбал, одбојка и „footvolley“ локално создаден спорт кој е комбинација на одбојка и фудбал.

Но, плажата не е атрактивна само во лето. Во зима сурфањето во вода е атрактивно како за домашните, така и за посетителите. Квалитетот на водата варира од чиста светло-сина, до потемна зелена боја по обилните дождови.

Во 2008 година, Тravel Channel ја наведе Ипанема Бич во листата на најсекси плажи во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот