ИОК подготви речиси милијарда долари за помош поради одложувањето на Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) издвои 800 милиони долари за да се ублажат тешките економски последици поради одложувањето на Игрите во Токио.

Олимписките игри кои требаше да се одржат ова лето во Токи се одложени за наредното поради пандемијата на коронавирусот.

ИОК одлучи да им помогне на организаторите но и на националните олимиски комитети. Организаторот ќе добие 650 милиони долари, додека 150 милиони долари ќеќ бидат поделени на меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети.

– Оваа ситуација со коронавирусот бара од сите нас да се жртвуваме. Ќе сториме се да ги смалиме трошоците поради одложувањето на ОИ и да го задржиме духот на олимпизмот – изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.

Бах одби да ги коментира претходните најави на организаторите дека доколку не се пронајде вакцина за коронавирусот во догледно време, ОИ може повторно да се одложат и тогаш Токио ќе се откаже од организацијата.

– Имаме уште една година и два месеци, рано е да се носат било какви заклучоци – додава Бах.
Новиот термин за одржување на ЛОИ во Токио е од 23. јули до 8. август 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот