ИОК и забрани на Белорусија да учествува на Олимписките игри во Токио

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека не го признава Виктор Лукашенко, синот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за нов претседател на Олимлискиот комитет на таа земја.

Тоа значи дека Белорусија нема да може да учествува на Олимписките игри во Токио кои треба да се одржат ова лето.
Во соопштението се прецизира дека тоа што ИОК не го признава Виктор Лукашенко за претседател на Белорускиот олимписки комитет значи дека  Белорусија е исклучена од сите активности на ИОК вклучувајќи ги и Олимписките игри, пренесува Тасс.
Виктор Лукашенко кон крајот на февруари е избран за претседател на Олимпискиот комитет на Белорусија иако претходно ИОК ги суспендира него и неговиот татко Александар и им забрани да присуствуваат на Олимписките игри во Токио.

Александар Лукашенко беше на чело на Олимпискиот комитет на Белорусија 23 години, а неговиот син Виктор досега беше потпретседател.
ИОК во декември минатата година ги суспендира таткото и сино со образложение дека не ги заштитија спортистите кои учествуваа на протестите во Белорусија од дискриминација.
Протестите во Белорусија избија по претседателските избори во август минатата година на кои Лукашенко победи, но опозицијата и западните земји го обвинија дека ги фалсификувал резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот