„Инвеститорскиот ден“ ја „размрда“ Берзата, склучени најмногу трансакции годинава

На Македонската берза денеска се одржа „Инвеститорски ден” на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава.

Инвеститорискиот ден се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници во износ на остварен промет до 10.000 евра.

– Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 640 илјади евра, односно изнесува околу 40 милиони денари што е зголемување за повеќе од 45 проценти во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во 2021 година. Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 432 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година, информира Македонската берза.

Оттаму посочуваат дека вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 216 трансакции, а просечниот дневен број на трансакции 84.

Во иницијативата „Инвеститорскиот ден” вклучени се осум од вкупно десет членки на Берзата (Еурохаус, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија) и Централниот депозитар за хартии од вредност. Иницијативата има поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот