Криптовалутите пак популарни кај инвеститорите, биткоинот порасна за 40 отсто во јануари

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Големите инвеститори повторно инвестираат во криптовалути по еден месец на голем раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од минатиот јули, според податоците на КоинШеарс.

Вкупната актива на крипто-фондовите се искачи на 28 милијарди долари, што е за 43 отсто повеќе од ноемвриските ниски падови, бидејќи падот на берзата ФТX испрати шокантен бран кај криптовалутите, објави порталот Кликс.ба.

„Генерално, луѓето се посигурни отколку пред еден месец“, вели Џозеф Едвардс, инвестициски советник во Енигма Секјуритис.

Биткоинот се зголеми за речиси 40 отсто во јануари, што се приближува до своите најдобри месечни перформанси од октомври 2021 година и неговиот втор најдобар јануари во последните 10 години. Обемот на тргување со криптовалути исто така расте, според КоинШеарс, со просечен неделен волумен зголемен за 11 проценти, што покажува дека трговците се враќаат по неколкумесечна пригушена активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот