Инвестиција од 4,4 милијарди евра: Белград ќе почне да гради метро во 2021 година, испланирани првите две линии

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ денеска изјави дека изградбата на метро во српската престолнина ќе почне во 2021 година, но и дека е затворена финансиската конструкција за проектот.

Инвестицијата е вредна 4,4 милијарди евра, првата линија ќе чини 1,8 милијарди евра, а втората 2,2 милијарди евра. Весиќ додаде дека минатата недела имале со амбасадите на Франција и на Кина во земјата, во присуство и на претставници на компаниите „Алстом“ и „Пауер Чајна“.

– Направен е договор што треба да го верификуваат Владите на Франција и на Кина и, секако, Владата на Србија. „Алстом“ ќе работи на електромеханиката, на возовите и на пругата, на комплетното електрично напојување, односно опрема на самото метро додека градежните работи се доверени на кинеската компанија,. Односот ќе биде 30:70 или 70 отсто од работите ќе им припаднат на Кинезите, а останатото на Французите“, истакна Весиќ.

Тој додаде дека француската компанија „Ежис“ моментно работи на проектирање на првите две линии од метрото, а за третата се прават идејни решенија.

Првата линија е панирана да почне од Макиш и ќе продолжи преку Железник и Баново Брдо од каде ќе се спушти кај шеќераната, потоа долж Работничката улица и Савска ќе стигне до Савски плоштад каде ќе се вкрсти со втората линија.

Трасата потоа продолжува кон Плоштадот на Републиката, пристаништето во Белград, Ада Хуја, Карабурма и Мириево. Втората линија е замислена да почне од железничката станица во Земун и да заврши, исто така, во Мириево. Весиќ најави активности и за нови железнички линии кон Сурчин и Обреновац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот