Интимни мемоари… Излегуваат нови детали за кралското семејство

Profimedia
Фото: Profimedia

Меган и Хари не се во добри односи со Кејт и Вилијам, додека актерката имала неколку бесни испади на персоналоттврди Том Квин,автор на новата книга за случувањата на кралскиот двор „Интимни мемоари: Од кралицата Мери до Меган Маркл“.

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари живееле разделени од остатокот на семејството и во петпати помала квадратура, за разлика од војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.  Ова направило Меган да се чувствува како да не припаѓа во семејството, туку како гостинка.

profimedia

„Имаше чувство дека никогаш нема да добие почит и третман каков што има Кејт“, се наведува во еден извадок од книгата.

Додека живееле во Велика Британија, браќата и нивните сопруги на почетокот честопати се дружеле, но средбите се намалувале со текот на месеците. Тоа придонело да дојде до инцидент, во кој една ноќ Меган ја изгубила својата контрола и почнала да вика пред еден од вработените помошници на Кејт Мидлтон.

Profimedia

Наводно, Меган ги замолила помошниците да направат нешто за неа. Тие одговориле дека не можат, затоа што работат за Кејт. Појасниле дека тоа се правила на протоколот, секој има свој личен персонал. На ова следувала конфликтна реакција од Меган, за што извикала дека е дел од семејството и дека заслужува почит. На тој начин релацијата помеѓу Кејт и Меган станала трајно нарушена.

Profimedia

„Кејт не можеше да верува во тоа, имаше солзи во очите, таа не беше навикната на вакви испади. Хари и Вилијам само гледаа. Подоцна, тие се обидоа да ја надминат ситуацијата, меѓутоа можете да го видите исходот“, пишува авторот Квин.

Според таблоидите во Велика Британија, најголемиот проблем на Меган не е поврзан со Кејт. Таа верува дека била најмногу изневерена од кралицата Елизабета (95). Кога се запознале, Меган се воодушевила од едноставноста, виталноста, ставот на кралицата и во неа гледала сојузник. За Меган било тешко да се прилагоди на новиот живот и на сите правила.

Profimedia

„На почетокот не и пречеа новинарските написи. Таа е актерка и се навикна нејзиниот живот да биде интересен за медиумите. Но, таа не знаеше дека ова е поинакво ниво. Пред тоа беше актерка од списокот Ц, а сега стана дел од најпознатото семејство на светот. Мислеше дека кралицата ќе ја заштити од се, но кога започна со тужби против таблоидите, кралицата не ја поддржуваше“, констатира Дејли мејл.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот