ИНТЕРВЈУ Зијадин Села: Само странец на чело на СЈО ќе ја врати надежта на народот во правната држава

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

На чело на Специјалното јавно обвинителство треба да застане странец обвинител, бидејќи само така може да се врати надежта кај народот во правната држава, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервју за „Слободен печат“.

Според него, не е во ред што СЈО не покрена ниту еден предмет против функционери на ДУИ, бидејќи, како што нагласува Села, вака изгледа дека ниту еден Албанец не бил никогаш вмешан во криминал или корупција.

Ви пренесуваме дел од прашањата и одговорите на Села.

До кога Македонија ќе купува време за да ги реши круцијалните прашања во општеството?

– Последните случувања околу феноменот „Рекет“, извадија на виделина многу нешта. Како политичар сум загрижен дека ова е директен удар врз надежта на граѓаните за градење правна држава. Сега е моментот кога ние како политички партии треба да смогнеме сили и да најдеме решение кое би било вистинско. Ние како партија веќе сме дале предлог. Довербата кај граѓаните мора да се врати, а таа би се вратила кога на чело на СЈО би дошол некој обвинител од странство.

Што мислите за тоа што во предметите кои досега ги покрена СЈО, нема осомничено ниту еден Албанец?

– Јас би му дал еден предлог на премиерот Зоран Заев. Кога веќе нема ниту еден инволвиран и никој не бил корумпиран, не влегол во криминал од ДУИ, тогаш ние како држава треба во Собрание да донесеме одлука дека Албанците се различни од сите народи. Тоа значи дека премиер на оваа држава треба да биде Ахмети, а не Заев.

Како во моментов стојат позициите на албанските политички партии, дали тие трпат некакви тектонски промени?

– Сите рејтинзи покажуваат дека Алијанса за Албанците е пред ДУИ. Веќе е дојдено време за демократизација во албанското општество, имајќи предвид дека со демократизација подразбирам промени на власта. Албанците 18 години живеат во монизам. Имаме само поликратија, а никако вистинска демократија.

Дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ за да дојдете на власт?

– Ќе коалицираме со онаа партија што ќе ја прифати нашата политичка програма и платформа легитимирана од страна на гласачите на избори.

Целото интервју со лидерот на Алијансата, Зијадин Села, погледнете го во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот