Интервју Стефан Богоев: Не ѝ се погодив на урбаната мафија!

Еден од најперспективните градоначалници во земјава, Стефан Богоев, во интервју за весникот „Слободен печат“ зборува за тоа што стигна да направи за граѓаните во изминативе три години како прв човек на Карпош, за урбанистичките планови што треба да се реализираат во иднина, за неговата евентуална кандидатура за втор градоначалнички мандат.

Богоев во интервјуто објаснува дека се труделе да обезбедат планска урбанизација за похумано живеење во Карпош и да се спречи доуништување на урбаното јадро на Општината. Тој вели дека денеска има драстична разлика во носењето на деталните урбанистички планови и дека анкетите и презентациите навистина се јавни, отворени и не се организираат на новогодишни празници, туку секој анкетен лист се разгледува и тој може да направи промена.

Прочитајте и...  Велика Британија најави дополнителни пет милијарди фунти за компаниите најтешко погодени од пандемијата

СП. Дали во изминативе години имавте притисоци од градежните компании или можеби од своето поблиско политичко опкружување за „кат повеќе“ или за некоја друга отстапка при доделување градежни дозволи и при донесување ДУП?

 – Ако кажам дека немало притисоци, ќе излажам. Притисоци имало, има и, за жал, ќе има. До мене стигаат информации дека некои инвеститори се подготвени да направат сѐ што треба за да не бидам кандидат за градоначалник на следните избори. Затоа што не им се исполнети лични апетити и бизнис-интереси. Очигледно, како градоначалник, не ѝ се погодив на урбаната мафија. Сепак, Карпош не е општина која е раководена од урбаната мафија, туку од градоначалник и советници кои се избрани од граѓаните на непосредни избори. Карпош повеќе не е општина во која инвеститори влегуваат „како каубојци“ и нарачуваат ДУП-ови по свој терк. И мислам дека оваа порака ја испратив недвосмислено уште на почетокот на мандатот, но ја испраќам и сега, во последната година од него. Во ниту еден случај не било и нема да биде загрозено на некој правото да инвестира според она што е важечко, дозволиво и исправно. Нормално е некој да може да гради на сопствено градежно земјиште, но според закони, урбанистички документи и не загрозувајќи го квалитетот на животот на тие околу него. За жал, порано биле поставени други практики, но, како што кажав, тоа сега „не пали“! Изборите во 2017 година ги добив со нешто повеќе од 21.000 гласови. Во ниту еден момент не мислам да ја девалвирам граѓанската поддршка добиена во урбана општина каква што е Карпош само за да задоволам нечии интереси. И да, тие притисоци одземаат време, прават тешкотии при секојдневното работење, но мене совеста ми е чиста. Багаж од минатото не носам, а за постигнатото и за работата не одговарам пред неколкумина, туку пред сѐ кон граѓаните, кои гласале за мене, но и за тие што гласале за друг кандидат или не излегле на избори. Затоа што јас сум градоначалник на сите граѓани, вели Богоев.

Прочитајте и...  Ќе се укинат најголем дел од рестриктивните мерки: Сардинија станува првата „бела зона" во Италија

 

Целото интервју читајте го во понеделничкиот број на весникот „Слободен печат“.

Поврзани вести

Организација за човекови права на Косово повикува да се дочека Лајчак со протести во Приштина

Слободен печат

„Мажи со црвени чевли” против насилството врз жените

Слободен печат

ВИДЕО | Заев за скопскиот градоначалник: Да бев жител на Скопје, ќе гласав за Шилегов

Апел од 442 европски парламентарци против израелска колонизација на „окупираните палестински територии“

Слободен печат

Ќе се укинат најголем дел од рестриктивните мерки: Сардинија станува првата „бела зона” во Италија

Слободен печат

ВИДЕО | Митревски: Очекувам успешен попис, ДПМНЕ собира потписи за внатрепартиски потреби

Марина Дамческа

Остави Коментар