ИНТЕРВЈУ СО ВИКТОР АНГЕЛОВ: Од звуците на неговата виолина не останаа рамнодушни ниту Новак Ѓоковиќ, ниту Деди Јанки (ВИДЕО)

Виткор Ангелов

Можете да го сретнете во Истанбул на плоштад, во Рим, во Брисел, во Милано, во Аместердам, во Минхен, во Фиренца во Љубљана, во Париз, можете да го сретнете речиси во секој поголем европски град свирејќи на својата виолина, а околу него толпа од луѓе кои, или ракоплескаат, или танцуваат.

Вели дека нема поголема сцена од свирењето на улица, а особено го радува кога некој ќе дојде до него и ќе му шепне дека му го разубавел денот.

Виктор Ангелов со место на раѓање во Штип, а со место на живеење – не знае ни тој, за „Слободен печат“ реши да зборува за своите почетоци, за номадскиот живот, а со задоволство ни раскажа и за дружењето со тенисерот Новак Ѓоковиќ и со познатиот пејач Деди Јанки, кој преработката на Виктор за планетарниот хит – „Деспасито“ ја избра за најдобра во свет.

С.П. Ако не е твојот профил на Инстаграм, нема да знаеме на кој дел од планетата земја се наоѓаш. Забележав дека веќе некое време си стациониран во Турција….

– Шпионски инстаграм (Се смее). Се шегувам. Во Турција имам доста проекти, па често ја посетувам. Ако може да се каже каде сум стациониран, тоа е веројатно Рим. Последниве години каде и да појдам, некако завршувам тука. Не за бадијала кажале: „Сите патишта водат кон Рим“.

С.П. Во твојот опис на Инстаграм пишува – Виолинист, патник и вљубеник во музиката. Прашањето ми е дали го живееш твојот сон, дали отсекогаш си сакал да го правиш ова?

– Па, да бидам искрен да, го живеам мојот сон. Учев да бидам виолинист. Пред се вљубеник во инструментот. Цел живот се стремам кон сцена и виолина. Ова што сега го правам дојде спонтано и дека всушност нема поголема сцена од свирењето на улица. Луѓето кои ме слушаат не се секогаш расположени и среќни, но по моите настапи многу често се случува да ме прегрнат и да ми кажат: „Благодарам, ми го разубави денот“. Тоа е незаменливо чуство да знаете дека сте допреле некого толку длабоко и ќе си замине среќен од вашето шоу.

 

View this post on Instagram

 

The atmosphere from this morning ?????TAG 2 FRIENDS ???. video made by @giorgio.p1 #viralvideo #makingmusic #busking

A post shared by Viktor Angelov /violinist (@victor.angelov.official) on

 С. П. Колку време помина како го напушти Штип?

– Штип го напуштив на мои 13 години, а сега сум на прагот на 30. Повеќе од пола живот сум надвор.

С.П. Од каде љубовта за виолина, кој ти ја всади во крвта?

– Мојот татко е музичар. Свирел труба, студирал во Загреб и некако од старт се знаеше дека нешто ќе свириме со сестра ми. Тој имаше желба да имаме основно музичко образование зошто цврсто веруваше дека ако ја усовршиме или макар барем стекнеме вештина на свирење на некој инструмент, ќе бидеме поквалитетни луѓе, во секоја област. По нижото образование одлуката беше само наша. Зошто виолина? Мислам зошто клавирот беше зафатен, а не сакав да и на набивам комплекси на сестра ми (Се смее).

С. П. Како реагираат твоите најблиски кога денеска те гледаат во Турција, утре можеби во Франција, по три дена во Украина? Се плашат за тебе, се секираат?

 

View this post on Instagram

 

I love dancing with latina ladies,tag 2 persons below in a comment ??❤️❤️??????#latino #ladies #dancing

A post shared by Viktor Angelov /violinist (@victor.angelov.official) on

– Сигурно, да. Особено додека патувам и особено мајка ми. И ден-денес по толку години ако не и се јавам навечер да и кажам дека сум добро, не може да заспие. Мајкин син (Се смее).

С.П. Која е најинтересната случка која ти се има случено за време на овие патувања? 

– Уф, многу ги има, но еве ја последната. На враќање од „Electric Love Festivalot“ во Салцбург каде што имав чест да ја делам сцената со Марчмечо, диџеј Тиесто, диџеј Снејк, Аксвел и многу други, имав договорено и свадба во Македонија. Тргнав со автомобил и некаде во Словенија до Македонија возевме во втора брзина цело време. Немав време да застанам на мајстори за да ја прават, плус беше ноќ и времето ми беше кратко за да пристигнам на свадбата. Сепак, се помина како што треба, не задоцнив на свадба и не се појавив на свадба валкан како автомеханичар.

С. П. Ја имаш честа на Инстаграм да те следи најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, но дури и лично го познаваш. Како се случи да се сретнеш со Ноле, за што разговаравте?

– Ноле ми е предрага личност. Многу го сакам и почитувам. Од почетокот на следењето на Инстаграм, „лајкувањата“ на постовите, коментарите, пораките и средбата. За секој од тие моменти се радував како мало дете. Пред се, тој е човек со големо срце. Дел од разговорите е дека се договоривме да свирам во ресторанот кај него во Монако. Тоа ќе биде наскоро.

С. П. Познатиот Дедии Јанки твојата преработка на неговиот хит – „Деспасито“ ја прогласи за најдобра во светот. Исто така се запозна и со него. Какво е чуството кога ќе те пофалат најдобрите во светот?

– Во неверување бев кога го добив мејлот со покана за запознавање од неговиот тим. Не знам како да опишам, тоа е нешто што еднаш се случува и останува засекогаш да трае. Радост, гордост. Признание дека сите направени жртви се вредни…

 

View this post on Instagram

 

Almost 1 MILLION VIEWS on Youtube. Check the full version (THE LINK IN BIO) ?❤❤❤

A post shared by Viktor Angelov /violinist (@victor.angelov.official) on

С. П. Има ли шанса еден ден да те видиме во соработка со некоја светска ѕвезда?

– Има и се надевам.

С.П: Виктор, мислам дека го пропатува половина свет. Која е следната твоја дестинација?

– Истанбул е следната моја дестинација. Имам концерт и два фестивали каде што ќе настапам пред 40.000 луѓе. Ќе бидам на сцена со познати имиња од нивната естрада, како што се: Халук Левант, Цеза, Нова Норда, Хеј Даглас и Малек Мосо. Поддршка на сцена ќе имам и од светските, а наши Дамјан Пејчиновски и Јордан Манов.

С. П. Колку дена во годината поминуваш во Македонија?

– Недоволно и не колку што би сакал. Месец ипол до два максимум.

С. П. Ќе има ли некогаш прилика да те слушне и домашната публика?

Најискрено сакам да се случи. Стискам палци за нешто такво и верувам дека ќе има прилика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот