ИНТЕРВЈУ СО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Спремна ли е Македонија да се справи со Корона, вирусот тропа на македонските порти (ВИДЕО)

Корона вирусот дојде во Европа. Спремна ли е Македонија да се носи со медицинскиот предизвик којшто го претставува Корона вирусот во смисла на здравствениот предизвик, медицинскиот предизвик со вирусот. СЗО за време на викендов излезе со соопштение дека останува уште еден мал прозорец за да може да се интервенира ова да не стане глобална пандемија, но вирусот продолжува да се шири особено во Јужна Кореја, сега и во Италија, каде што неколку градови се затворени, така што се чини дека е повеќе прашање на време е кога ќе се прошири и пошироко во Европа отколку дали ќе се прошири.

Што е следната фаза доколку во Македонија се покаже и прв позитивен случај на вирусот, на оваа тема говори министерот за здравство Венко Филипче.

-Во овој момент се презема се она што треба да се преземе во однос на превенција и рано пронаоѓање на евентуално патници кои што доаѓаат, кои што биле во контакт со заразени лица, било да тоа биле наши патници, државјани или странци кои што биле во Кина или во некое друго место, еве во Европоа, со оглед на овие последни случаи во северна Италија, смртни случаи за жал од Корона вирусот и кои што доаѓаат во нашата земја.

Ние во континуитет во изминативе недели веќе после првиот аларм од СЗО, целосно го организиравме системот да работи на превенција односно на рано откривање токму на тие патници. Имаме контакт со апсолутно сите авиокомпании кои што не известуваат доколу има патници од Кина. Понатаму со Кинеската амбасада, лично амбасадорот не известува за сите патници кои што доаѓаат од таму, така беше во текот на изминатава недела кога дојдоа двајца најавени инжињери од компанијата „Сино Хидро“ кои што тука работат.

Имаме уште некоја група која доаѓа во текот на следната недела која исто така сме спремни да ја дочекаме.

Кина презеде сериозни мерки за заштита, секој пшатник кој што излегува од еден поширок регион на регионот Хубеи, практично е во карантин 14 дена пред да ја напушти земјата, така беше и со овие два случаи. Дополнително на тоа се организираше здравствен надзор за уште две недели, непосредно после доаѓањето во нашата земја, но во меѓувреме ние направивме тест при самиот влез и тие беа негативни на Корона вирусот.

Сакам да кажам дека ги преземаме сите мерки на внимателност. Пристапуваме со највисоко ниво на сериозност кон ова прашање, посебно имајќи предвид дека нови информации за вирусот излегуваат практично цело време.

Би укажал на неколку работи. Прво бројот на заболоени во Кина почнува да се намалува, што е еден добар знак, што секако не е гаранција дека бројот на заболени што ќе се откриваат ширум Европа заради контактите меѓу патниците, отворените линии на комуникација исто така ќе се намалува. Спремни сме доколку добиеме информации и за нови заболени во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот