ИНТЕРВЈУ со Шпанскиот амбасадор Серо: Можно е Шпанија да го ратификува НАТО протоколот до Самитот во Лондон – Слободен печат
ВестиМакедонија

ИНТЕРВЈУ со Шпанскиот амбасадор Серо: Можно е Шпанија да го ратификува НАТО протоколот до Самитот во Лондон

Северна Македонија е де факто членка на НАТО, но дали Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство пред Лондон, жал ми е, но не можам ниту да потврдам, ниту да одречам. Можно е – вели во интервју за МИА, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.

-Пред сѐ, дозволете ми да ви честитам, за извонредниот успех што за само девет месеци ве ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Тврдам дека ова е извонреден успех.Преостануваат само формалности. Но, со оглед на претходните искуства на членките во процесот на ратификација, обично се потребни една и пол до две години, или 18-24 месеци. А до самитот во Лондон ќе бидат изминати само десет месеци откако го потпишавте Протоколот. Значи сте постигнале крајно добар резултат. Факт е дека ќе ја прославите 70-годишнината од основањето на НАТО во Лондон со сите нас. Како гостин, вашиот претставник — било претседателот, било премиерот — ќе седи покрај генералниот секретар. Ако сте полноправен член, на некој начин, ќе бидете изгубени меѓу останатите 29 членки. А дали Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство пред Лондон, жал ми е, но не можам ниту да потврдам ниту да одречам. Можно е, вели амбасадорот Сера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close