Интервју со Рикардо Виан Меркес, генерален директор на Галеника

Фото: Галеника

Маркес: „Галеника е иновативна фармацевтска компанија ориентирана кон иднината

Препознатлив бренд, но како нов регионален голем играч со ново модерно лого го зајакнува своето присуство на македонскиот пазар. Српската фармацевтска компанија „Галеника“, која по приватизацијата во 2017 година стана дел од бразилската НЦ Група, во која спаѓа и ЕМС – една од најголемите фармацевтски компании во Латинска Америка, повторно се воспоставува  на нашиот пазар како фармацевтска компанија со мисија што ја ориентира кон иднината и со иновативен начин на размислување. Генералниот директор Рикардо Ван Маркес вели дека новото модерно лого со новите бои сина, зелена и розова покажува дека Галеника е посветена на луѓето и верна на здравјето. Стратешкото српско – бразилско партнерство носи значителни иновации што ги зајакнуваат вредностите на компанијата како интегритет, страст, храброст и одговорност. Галеника во првиот квартал од оваа година го зголеми производството за 32 проценти во споредба со истиот период во 2020 година и забележа раст на пазарот во Србија од шест проценти, што ја потврди нејзината  висока, втора позиција според удел на пазарот. Според Г-дин Маркес ги очекува напорна работа, но Галеника е подготвена да продолжи да го зголемува производството и продажбата во Србија, како и во регионот и на другите меѓународни пазари.
Разговаравме со г-дин Маркес за предизвиците со кои се соочи фармацевтската индустрија, иновациите и проширувањето на портфолиото на производи, како и за плановите на компанијата за претстојниот период.
Фото: Галеника

Во годината кога Галеника слави 76 години постоење, а исто толку време е присутна и во Македонија, на пазарот се забележува нов пристап. Компанијата, како дел од меѓународната НЦ Групацијата од Бразил, претставува нова визија, помодерен и современ пристап. Која е новата мисија што НЦ Групацијата ја постави пред Галеника како регионален играч?

„Галеника помина процес на трансформација во фармацевтска компанија која е насочена кон иднината, водена од мисија и со иновативен начин на размислување. Промената што се случи во претходниот период се забележува и интерно во компанијата, преку зголемена мотивација и тимска работа, но влијаеше и позитивно врз имиџот на компанијата. Голема пресвртница за нас е позиционирањето на високото 2-ро место на српскиот пазар, но тука не застануваме. Имаме амбициозни планови и сакаме да гледаме постојан напредок, и Галеника да расте уште поголема. Стратешки гледано, фокусирани сме на иновации на компанијата и нејзиното портфолио за придобивки на потрошувачите и пазарот. Нашата цел е да генерираме вредност и да поттикнеме позитивни промени преку инвестиции, иновации и поддршка на сите засегнати страни. Не очекувам дека 2021 година ќе биде полесна, бидејќи последиците од 2020 година најверојатно ќе се почувствуваат во сите сегменти на пазарот и индустриите. Нашата стратешка цел е развој на Галеника и не ја исклучуваме можноста за дополнително проширување преку аквизиција. Работиме на понатамошно зголемување на производството и продажбата на српскиот и меѓународниот пазар, истражување иновативни начини за промовирање на нашите постојни производи и посветени сме на значителен раст на портфолиото со регистрација и лансирање нови производи секоја година.“

Галеника е стратешка инвестиција на НЦ Групацијата во Србија, пред се поради нејзината близина до пазарот на ЕУ. Што можеме да очекуваме од компанијата во наредните години?

„Како инвеститори, гледаме стратешки партнер во Галеника, можност НЦ Групацијата да ја зголеми својата улога на пазарот на ЕУ. Галеника веќе има активно присуство на 14 пазари во Европа, но и на Блискиот исток и Африка. Важен чекор за нас беше основањето на Галеника Интернешнл во Унгарија, канцеларија претставува наш центар за пазарите на ЕУ. Тоа резултираше со регистрација на четири производи на Галеника на пазарот на ЕУ, а до крајот на годината очекуваме уште три. Галеника планира да продолжи да воведува значителни новини на пазарите потпирајќи се на експертизата и од Србија и од нашите бразилски колеги.“

Како ова партнерство придонесе за трансфер на вештини и технологии за развој на Галеника како регионален лидер?

„Изминатата година ја одбележавме со генерирање позитивни вредности преку одржување на традиционалната доверба и квалитет и понатамошна модернизација на компанијата. Проширувањето на портфолиото е стратешки важно бидејќи сакаме да ги задржиме највисоките стандарди за квалитет и истовремено да понудиме нови производи важни за пациентите, потрошувачите и стручната јавност. Со стратешкото партнерство со сестринската компанија од Бразил – ЕМС, Институтот за истражување и развој на Галеника продолжува да развива нови производи, вклучувајќи и нова генерација на лекови.“

Вие сте на чело на Галеника втора година по ред, но тоа исто така значи дека зад вас стои исклучително тешка година што помина во сенка на КОВИД-19. Колку сте задоволни од работата на Галеника во изминатиот период?

„Минатата година беше предизвик за сите индустрии, а фармацијата не беше исклучок. Безбедноста на вработените и одржувањето стабилно снабдување со производи на потрошувачите и медицинските институции беа најголемите предизвици лани и среќен сум што можам да кажам дека ги надминавме. Со голема гордост можам да кажам дека нашиот тим ја докажа својата сила и посветеност во најтешките времиња. Како директен резултат на нашата посветена работа, Галеника во 2020 година забележа раст во сите деловни сегменти. Компанијата ја зголеми својата продажба на српскиот пазар за 19% во споредба со 2019 година, додека на 14 меѓународни пазари во Европа, Блискиот исток и Африка го зголеми извозот за 68%. Ова е одличен резултат, со оглед на околностите во последните години. Во 2020 година, Галеника регистрираше четири нови производи за српскиот пазар. Во тек е регистрација на 22 нови производи, додека во првиот квартал од 2021 година се регистрирани дури осум производи и четири нови производи се лансирани на пазарот, што претставува голем успех. Покрај тоа, модерната Галеника произведува повеќе, но со оптимизирана потрошувачка и многу помалку природни ресурси со цел да се одржи највисоко ниво на заштита на животната средина. Во последните две години, емисиите на СО2 се намалени за 20% и употребата на електрична енергија за 10%, но планираме да ја зголемиме енергетската ефикасност во 2021 година и да ги намалиме емисиите на СО2 за дополнителни 25%.“

Кои се плановите за развој на Галеника на македонскиот пазар, особено позиционирањето на компанијата во однос на конкуренцијата?

„Галеника е традиционално присутна на македонскиот пазар, препознатлива претежно од постарите генерации, но нашите иновативни промени ќе ги забележат и помладите генерации. Визијата на Галеника е да биде компанија што носи иновации, создава трендови и не ги крие своите амбиции да ја поврати позицијата на регионален лидер. Новата Галеника е подинамична и поенергична од кога било досега. Стратешката цел е понатамошен развој на компанијата и истражување во областа на фармацијата, а не е исклучена можноста и за понатамошно проширување преку аквизиција. Компанијата работи на понатамошно зголемување на производството и продажбата на регионалните и меѓународните пазари.“

Колку сте задоволни од присуството на македонскиот пазар?

„Галеника е присутна на пазарот во Македонија со лекови на рецепт, лекови без рецепт (ОТЦ), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот. Нашето регионално присуство расте и тоа е директен резултат на промената на курсот во нејзината деловна стратегија и визија. Во изминатите 3 години, тоа резултираше со дополнителен раст на продажбата во регионот – Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за скоро една третина. Додека, во првиот квартал на 2021 година извозот во овие земји е зголемен за 147 проценти.“

Можеби, на крајот, може да кажете што ново ќе понуди Галеника на македонските потрошувачи?

„Компанијата е посветена на стратешки партнерства со посебен фокус на регионалниот раст, вклучително и на пазарот во Македонија. Галеника е посветена на тоа да биде стабилен и сигурен партнер за пациентите и потрошувачите, вработените, партнерите и заедницата. Како деловен субјект со долга деловна традиција, кој го паметат и го сакаат потрошувачите и чија главна цел вклучува одговорна деловна, финансиска и социјална работа, Галеника останува посветена на луѓето и верна на здравјето. Темата за превенција е високо на нашата агенда. Иновациите исто така ја докажуваат нашата мисија за чување на здравјето.“


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот