ИНТЕРВЈУ СО МИЛА ЦАРОВСКА: Не може да бидеме демократско општество ако толерираме насилство и ако половина од жените не работат

Фото: Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика /Д. Митрески

За да бидеме демократско општетсво, не може да го толерираме насилството врз жените и половина од нив да седат дома и да не бараат работа, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во интервју за „Слободен печат“. Таа зборува и за причините за доминација на мажите во нашето општество како и за тоа дека работите се менуваат, но за да се почувствува ефектот треба време.

Стапката на невработеност кај жените е поголема во однос на онаа кај мажите, половина од жените не се вклучени на пазарот на трудот. Што покажува тоа и како да се реши?

– Многу поразителен е фактот што половината од нашето женско население не е активно, тоа  значи дека не бара работа, што до негде е и културолошки проблем, традиција. Ние како Влада постојано стимулираме создавање на подобри услови околу жените за да може тие да се активираат и да бараат работа преку изградбата на детски градинки и отворање на старечки домови. За децата, старите, лицата со хендикеп се грижат жените и тоа е неплатен труд. На овој начин се создава назадно општесвто, а земјата губи половина од својот потенцијал затоа што не ги вклучува жените на пазар на труд. Сметам дека сите деца треба задолжително да бидат вклучени во градинките со што жената ќе биде слободна да бара работа, а децата ќе бидат подобро стимулирани во раниот развој. Втората работа е создавање на социјални услуги кои жените сега како неплатен труд ги вршат во домовите. Но, ако создадеме дневни центри и палијативни центри тогаш овие услуги се плаќаат, жените ќе се обучат да го работат тоа како платена работа. Со ова очекуваме да почне да се менуваат работите.

Загрижувачко е нивото на вклученост на жените во политичкиот живот и нивната застапеност на јавни функции, градоначалнички, министерки, директорки. Како тоа да се промени?

– Во поглед на застапеноста на жените како општество сме далеку од 21 век. Се менуваат работите пополека, но се уште не се воспоставува мерид систем. За да жените успеат да напредуваат побрзо и со еднакви принципи треба да има мерид систем кој ќе придонесе да напредуваат оние кои постигнуваат резултати, а не одлуките да се носат на субјектива проценка. Но, и општеството пополека се менува, проработува правнот систем, се воведуваат одредени стандарди, компетенци и квалификации во администрацијата што доведува до тоа да се менува и начинот на кој функционираат политичките партии. Ако не ги воведете мерид стандардите во кои се се мери и ако направите резулат, одите чекор погоре и ако тоа се базира на лични проценки и одлуки, тогаш на маса каде одлучуваат мажи, полесно е да се одлучи за маж. Жените секогаш се два до три пати поскенирани од мажите.

Се уште живееме во општество во кое жените кои се жртви на насилство немаат поддршка од институциите. Зошто е тоа така?

– Оваа Влада има интерес да каже „не“ на насилството. Не може дa зборуваме за демократско општество ако молчиме пред насилството врз жените и ако половината од жените не се вклучени на пазарот на труд. Како Влада покажуваме дека работиме на тоа да кажеме „не“ на насилството врз жените, отвораме центри за поддршка, работиме со социјални и здравствени работници, но менталитетот, односно културата на однесување бавно се менува, потребни се две генерации. Ако вака продолжиме уште 20 години ќе станеме општество кое ќе каже„ не“ на насилството. Ако комшијата пушта гласна музика, тогаш веднаш го пријавуваат во полиција. Но, ако жената или децата врескаата зошто мажот ја тепа, тоа не се пријавува во полиција со објаснување дека е домашен проблем. Целото наше општество треба дa се прекрши преку едукација. Проблем е и тоа што во училиштата многу малку се работи на насилството. Ако вие во училиштето создадате насилник ќе треба многу повеќе пари и ресурси за да го преработите. Во Скопје има едно здружение кое со стручна поддршка работи на ресоцијализација на насилници. Но тоа е само еден случај. Вие можете бракот да го разведете и жртвата да ја тргнете од насилникот, но тој после некое време ќе најде нова партнерка која ќе стане нова жртва. И ако насилникот не разбере дека проблемите треба да ги решава на ненасилен начин, тогаш неговото однесување ќе се повторува и ќе се создаваат нови жртви. Да не заборавиме дека само пред 4 години имавме премиер кој рече: „какви се тие женски права“.

Како со новиот Закон за дискриминација ќе се подобри состојбата­­?

– Со новиот Закон за дискриминација се воведуваат прекршочни одредби, брзо ќе се казнуваат оние кои го прекршуваат законот, комисијата за заштита од дискриминација е професионална и ќе се бира во Собранието, во неа веќе нема да има комисионери кои јавно диксриминираат. Комисијата ќе има и повеќе средства и стручна служба. За три месеци Собранието ќе ги избере, очекувам д се пријават најдобрите експерти за заштита на човекови права и да се подигне стандардот за заштита од дискриминација во државата. Државните институции треба исто така многу да внимаваат како ќе постапуваа. Ние почнавме со обуки на нашите вработени. Законот не е декларативно донесен, ќе мора да се постапува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот