Интервју со Ивана Балабанова, танчерка, основачка на „Битрикс“: Храброста и оригиналноста одат рака под рака

Тоа што сметам дека е неопходно да се случи кај нас се две нешта: едно, да се признае способноста на жената да се носи со сите предизвици, подеднакво како и мажот, а друго, да се отворат вратите од институциите за младите уметници, бидејќи секогаш приматот се дава на веќе докажаните.

 Танчерката и педагог Ивана Балабанова е добитничка на Наградата за младинско учество во индивидуална категорија која Националниот младински совет на Македонија ја доделува во рамки на „Сивик енгејџмент проџект, Норт Маседониа“, за адресирање на домашното насилството преку изведувачка уметност и за обезбедување на поддршка на млади уметници од Северна Македонија, кои се соочиле со потешкотии за време на ковид-19 кризата. Разговорот го започнуваме со прашањето што значи оваа награда за неа.

– Навистина сум среќна што, пред сè, бев номинирана покрај повеќе квалитетни млади кои се и тоа како општествено ангажирани, па самата награда е само дополнување на радоста. Накратко, би рекла дека е голем поттик, особено поради спецификата на областа во која делувам – култура и уметност, каде што пробивањето на бариерите е секојдневие и потешкотија, па драго ми е што некој ја следи нашата работа и што има слух за неа. Ова се најверојатно оние моменти во животот во кои се заокружува анганжманот во одреден правец и ти помага да застанеш за момент, па да направиш една квалитетна ретроспектива, нешто за кое не двоиме време во секојдневието од брзиот живот – вели Балабанова, танчерка и креативка, која постојано ги поместува границите.

За жал, сè уште нашето општество дише патријархат и анимус, но како што го градиш искуството, учиш и како да се поставиш во еден таков контекст. За жал, она што сè уште е пракитка е дека жена мора да ги изреализира нештата сама, на мускули, додека некој рече: „Аха, па можеби е способна“.

На кој начин ја сплоти уметноста со поддршката на младите уметници, кои се соочиле со потешкотии за време на коронакризата и со какви потешкотии најчесто, според твоето искуство, младите со соочуваат за време на овој период?

– Со „Битрикс“ активно работиме низ годините на создавање можности, градење платформи и креирање услови за афирмација на младите, за едукација, за презентација на нивните креации. Она што недостасува, и што е нашиот главен поттик, е поддршката на младински платформи, на мобилност на млади низ земјата и надвор, на финансии за доедукација, но и за реализација на креативни идеи. Можеби уште повеќе би рекла дека недостасуваат тела/институции, кои ќе ја следат работата на младите и ќе препознаваат потенцијал, бидејќи многумина од нас прегоруваат додека стасаат да реализираат одредена идеја. Од сите овие причини, се трудиме да реализираме проекти што ќе им овозможат полесен пристап до логистичка, техничка поддршка и едукација. Меѓу некои од проектите, кои веќе со години ги реализираме, се фестивалот „Битрикс танцова лига“, кој е интернационален фестивал и преку кој донесовме кај нас гости предавачи од многу земји од светот: Германија, САД, Англија, Холандија, Швајцарија, Италија, Украина, Грција, Естонија, Словенија, Бугарија, Србија, итн., а кој има за цел да афирмира и едуцира преку експерти од надвор. Понатаму, секоја година го реализираме и проектот „Битрикс спешлс“, кој подразбира отворени и бесплатни танцови работилници од гости предавачи од регионот и од нашиот центар. Двапати досега организиравме и танцов караван, со кој предавачите од нашиот центар патуваа низ 15 градови од Македонија за да одржат бесплатни работилници со цел размена на знаење и едукација на танцовиот кадар.
На страна од сè ова, коронакризата силно ги погоди сите оние кои делуваат во областа на перформативните уметности. Најмногу поради неможноста за извршување на дејноста во физички простор и поради немањето услови за работа. Она што се потрудивме да го направиме и да го реализиравме во соработка и на голема благодарност на „Јуроп хаус Скопје“ (Europe House Skopje) е нашето вклучување во рамките на нивниот проект „Еуротон“, при што реализиравме голем број танцови работилници, едукативни работилници и забавна програма за време на карантинот. Во проектот беа вклучени млади и квалитетни уметници кои споделија знаење, совети, но и практични примери преку едукативни видеа, при што истовремено ги ангажиравме и младите да задржат позитивен и здрав дух за време на карантинот, но ги поддржавме и уметниците.

Прочитајте и...  Страста на жената во овој хороскопски знак привлекува многумина, но е тешка за сакање!
Да се биде претприемач во уметност е истрошувачки бидејќи сè уште нашата земја има поле за работа во однос на третманот на уметноста.

Борбата против семејното насилство не ти е туѓа, пред две години со аудиовизуелната претстава насловена „Тишина“ донесе порака на оваа чувствителна тема. До каде допре пораката? Дали „Тишина“ ќе има свое продолжение и како е тоа замислено?

– „Тишина“ е навистина значаен проект на „Битрикс“, кој одбележа еден посебен период од нашите животи. Сите оние кои беа вклучени во проектот, од самите танчари, до техничкиот тим, видеопродукцијата „Марсбен“, дизајнерката Ана Стојановска, техничарите од Националната опера и балет, особено мајсторот за светло Васко, костимографката Наташа Бабулова, психотерапевтот Тина Васков, актерката Кристина Леловац, фотографот Ѕвонко Петровски и слично, придонесоа на свој начин во реализацијата и беа вклучени од самиот почеток за да ни помогнат да ја претставиме оваа тематика искрено и гласно пред публиката. На крајот, она што може да се заклучи од собраните критики и импресии, одговорот на публиката беше исто таков – искрен и гласен. „Тишина“ покрај тоа што е обид за будење на свеста на поширокото население за една тема која е сè поприсутна, а премолчена, е и еден обид за преживување на тие приказни, кои се вистинити и собрани од нашите животи и животите на луѓето околу нас, како и за пречистување на некој начин преку уметноста. Благодарение на УНИЦЕФ пак, кои ја прочитаа пораката и го забележаа потенцијалот на проектот, добивме можност да ја пренесеме пораката од Скопје во уште петнаесет градови од С. Македонија, споделувајќи сегменти од претставата во рамките на проектот „Позитивно родителство“. Таа соработка беше голема потврда за нашата работа и со неа го заокруживме нашиот активизам во оваа област, барем засега.
Во моментов, заедно со нашите долгогодишни партнери – видео продукцијата „Марсбен“, работиме на проект, кој ќе делува проактивно во сличен контекст, а наскоро ќе бидат објавени и повеќе детали на социјалните медиуми.

Да бидеш добар во свет кој е доста суров и алчен, неетички, многупати може да биде и кочница, бидејќи игрите на повисоките нивоа не се секогаш искрени.

Основачка си на уметничкиот центар „Битрикс“, што значи денес да се биде жена претприемач во областа на уметноста, која е, всушност, за жал кај нас, една од најнепрофитабилните области?  

– Не би сакала да звучам негативно, бидејќи мојот дух е позитивен и во суштина сум борец за нештата, но она што сметам дека е неопходно да се случи кај нас се две нешта: едно, да се признае способноста на жената да се носи со сите предизвици, подеднакво како и мажот, а друго, да се отворат вратите од институциите за младите уметници, бидејќи секогаш приматот се дава на веќе докажаните. Најверојатно со овие две нешта веќе и доволно зборувам за тоа како е да се биде жена претприемач во областа на уметноста, но доколку би требало да додадам уште нешто би споделила дека да се биде претприемач во овој свет денес, воопшто не е лесно, поради секојдневните предизвици со кои се соочуваме и брзината на флуктуации, промени и информации. Дополнително, да се биде претприемач во уметност е истрошувачки бидејќи сè уште нашата земја има поле за работа во однос на третманот на уметноста. Од моето искуство, кое подразбира веќе десетгодишна борба, многу бавно оди препознавањето на потенцијалот на проектите и идеите на младите. На крајот, сите од нас се занимаваат со администрација, наместо со фактичката работа во која се и најдобри. Барајќи елоквентност и дипломатија при презентацијата на идеите, всушност сите ја губат суштината и вредноста на нештата. Да почнеме оттаму за промена.

Прочитајте и...  Виц на денот: Градежна фирма

Дали досега си почувствувала родова нееднаквост на „сопствена кожа“ и на што се однесувало тоа?

– Неретко се чувствува родовата нееднаквост во смисла на доверба кон моите потенцијали, а уште повеќе објективизацијата на женското тело како такво. Она што ние жените го учиме низ годините е како да се носиме со тоа и јасно да ги поставиме своите граници. За жал, сè уште нашето општество дише патријархат и анимус, но, како што го градиш искуството, учиш и како да се поставиш во еден таков контекст. За жал, она што сè уште е пракитка е дека жена мора да ги изреализира нештата сама, на мускули, додека некој рече: „Аха, па можеби е способна“.

Колку убавината, храброста и оригиналноста ти ги отвораат вратите на успехот, или пак, понекогаш претставуваат кочница?

– Во контекст на ова, би морала да прашам – за каква убавина зборуваме? Човек за мене може да е убав само однатре и притоа ова го велам без импликација на добропознатата реченица: „Убавината доаѓа однатре“, туку поради тоа што навистина верувам дека е така. И самите ние, кога сме силни, задоволни, добри и убави однатре зрачиме и привлекуваме такви нешта околу нас. Така што, верувам дека секој човек пред сè треба да се стреми да биде убав однатре, а потоа ќе може да биде убав однадвор. Има многу кои се само форма без суштина, но, среќна сум и тоа особено кога гледам млади со содржина и кои работат на себе. Храброста и оригиналноста некако одат рака под рака, бидејќи кога се обидуваш да направиш нешто оригинално, едноставно мора да си храбар, спремен на ризик и на критика. Силно верувам дека сите три нешта: убавината (внатрешна), храброста и оригиналноста се неопходни и тука не би рекла за успех во материјална смисла или во некои рамки на општествените прифаќања за тоа што значи успех, туку успех во контекст на креирање, придонес, создавање нешта кои вредат, како и негување на позитивни вредности. Но да бидеш добар (убав) во свет кој е доста суров и алчен, неетички, многупати може да биде и кочница, бидејќи игрите на повисоките нивоа не се секогаш искрени. Тука веќе доаѓа до прашање сопствениот интегритет и принципиелноста на секоја личност. За мене, тие се на прво место.

Кај нас има успешни жени, борци, воини, но, многу поретко ментори, човечни, односно онакви кои се желни да го споделат знаењето. Фотографија: Петар Аврамоски

Какви жени те инспирираат, кои се, според тебе, македонски современи хероини?

Прочитајте и...  Ги надминале проблемите: Изабела Круз сака да ги поправи односите со нејзината мајка Никол Кидман

– Секогаш сум ги идолизирала успешните жени и искрено сум им се восхитувала. Секој од нас бара ментор, поддршка или можеби свој одраз на нештата што ги поседува или сака да ги поседува, во некоја друга личност. Овде би додала дека сметам дека една од најважните карактеристики на човек е да знае, да сака да учи. Кај нас има успешни жени, борци, воини, но многу поретко ментори, човечни, односно онакви кои се желни да го споделат знаењето. Особено во мојата област ми недостасува тоа. Можеби е така, меѓу другото, поради тоа што и младите се движат со многу брз, непромислен ритам и сè уште не знаат да ценат, па повозрасните се повлекуваат, но верувам дека е неопходно да останат силни и да делуваат бидејќи има многу потенцијални деца кај нас. Од мојата област на култура би ги истакнала Јасмина Билаловиќ, директорката на центарот „Јадро“, која е локомотива од идеи, полна со искуство и за нас младите постојано создава можности и има отворено срце за соработка и поддршка. Тука би ја истакнала и мојата професорка Рисима Рисимкин како жена која силно се бори за афирмирање на танцовата сцена и е пример за нас помладите во смисла на креирање контекст и можности. Жени борци за мене се и сите девојки од мојот тим со кој поместуваме планини, актерката Наталија Теодосиева, балерината Ивана Коцевска, професорката Соња З. Џепаровска, мојата дизајнерка Ана Стојановска, мојата пријателка Калина Велковска. Би додала уште многу жени хероини, од кои сите делуваат во својата област, а многу од нив се херои без да биде тоа обелоденето во медиум. Сепак, најголема жена херој за мене секогаш ќе биде мојата мајка Габриела.

Жени борци за мене се сите девојки од мојот тим со кој поместуваме планини, актерката Наталија Теодосиева, балерината Ивана Коцевска, професорката Соња З. Џепаровска, мојата дизајнерка Ана Стојановска, мојата пријателка Калина Велковска. Би додала уште многу жени хероини, од кои сите делуваат во својата област, а многумина од нив се херои без да биде тоа обелоденето во медиум.

Со што си окупирана во моментов? Со што ќе те видиме наскоро?

– Она на кое бев најмногу фокусирана изминатиот период беше да лоцирам што е она што мене и на мојот тим ни е најпотребно како би можеле да одиме напред и да созрееме уште повеќе во својата уметност. Се обидувам постојано да балансирам помеѓу креативата и административните страни на мојата работа. Постојано сум активна во креација на проекти и создавање можности за нивна реализација, па така, годинава ќе биде целосно посветена на танцот и негова презентација пред пошироката публика. Со „Битрикс“ најавуваме година на танцот во рамките на која ќе реализираме проекти во соработка со „Јуроп хаус Скопје“, Американската амбасада, Министерството за култура, Охридско лето, Младински културен центар, Општина Центар и центарот „Јадро“. Сиот оној период за време на карантинот отвори многу прашања, но, колку и да беше тешко психолошки за многумина од нас, ни отвори нови перспективи или пак можеби ни го смени фокусот кон позначајни нешта. Нема да откривам многу, но предвидени се повеќе перформанси, соработки со странски кореографи и танчари и интересни активности што ќе имате прилика да ги видите сите, а меѓу првите нешта што ќе ги реализираме е шестото издание на интернационалниот фестивал „Битрикс танцова лига“, кој оваа година ќе го реализираме во Охрид, под отворено небо, на сцената на „Долни Сарај“.

ФОТОГРАФИЈА: Мартин Саровски

Прочитај повеќе

Ирина Шајк не можеше да си ја закопча сукњата, па ѕирна задникот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како да препознаете дека на вашето тело му недостига магнезиум? Минералот кој е важен за виталните функции!

Слободен Печат

Погледнете зошто путерот од кикирики може да ви помогне полесно да заспиете!

Слободен Печат

Малку жени би имале храброст да го облечат ова: Погледнете како се појави Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Страста на жената во овој хороскопски знак привлекува многумина, но е тешка за сакање!

Слободен Печат

Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи во мини, симболично издание!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кајли Џенер ужива во есента: Најмладата милијардерка го дочека новото годишно време во бикини кое едвај ѝ ги задржа градите! (ФОТО)

Слободен Печат

Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѕвездата од серијата „The Witcher“ сака да биде новиот Бонд: Дали Хенри Кавил е вистинскиот избор за агентот 007?

Слободен печат

Овој чај експресно помага во отстранување на болката во грлото и кашлањето!

Слободен Печат

На аукција вреќичката за инфузија која ја користел Мајкл Џексон

Слободен печат

Погледнете кое хоби најмногу ќе ве опушти: Одлично е за справување со стресот!

Слободен Печат