13 C
Скопје

Интервју со Хасан Арсланјуреги, извршен директор на „One Hospital“: Болницата креира различност во етичкиот пристап во медицината

„One Hospital“, чија прва болница е лоцирана во западниот регион на Македонија, обезбедува најсовремени здравствени услуги со докажан медицински персонал и опрема.

Тимот на „One Hospital“ работи со најголем интегритет и страст за да ја исполни мисијата во однос на пациентите, гостите и партнерите. Господин Хасан Арсланјуреги како извршен директор на „One Hospital“, вели дека работи со исклучителен тим кој се соочува со предизвикот да обезбеди мултидисциплинарен пристап кон нивните пациенти како дел од регионалниот референтен центар во здравствената заштита.

Господин Арсланјуреги, меѓу другото, е одговорен за надгледување на секојдневните операции, артикулирање на мисијата и визијата на болницата кон јавната заедница и е лидер во развојот на стратешката визија и политиките за болницата.

„Оne Hospital“ воведе нов концепт на медицински третман и дијагностика во Македонија. Болницата исто така обезбедува најсовремени здравствени услуги со докажан медицински персонал и опрема. Што им нуди вашиот болнички центар на пациентите, во однос на медицинска нега и во однос на медицинските области што ги покривате, и какви здравствени проблеми и состојби може да се дијагностицираат и исто така да се лекуваат во „Оne Hospital“?

– „One Hospital“ ја дизајниравме како болница на заедницата, да им служи на пациентите од цела Македонија и од соседните земји. За сите пациенти, наш приоритет е да создадеме безбедна околина со клиничкото искуство на нашиот искусен кадар. На нашите пациенти им даваме услуги на холистички начин, почнувајќи од дијагнозата до лекувањето и секако проверките. Голем број хируршки операции се спроведуваат во нашата болница.

Кој е новиот концепт што го нуди „Оne Hospital“, што ве прави поразлични од вашите конкуренти?

– Во нашата водечка болница, нашите пациенти ја чувствуваат разликата од моментот кога ќе пристигнат. Првенствено, секој наш пациент е наш гостин. Со нашиот уникатен пристап правиме пациентите да се чувствуваат како да се дома. Нашата изворедна медицинска нега и грижа, и нашите искусни тимови кои секогаш имаат насмевка на лицата, дополнително влијаат на позитивниот однос кон нашите пациенти – гости, во нивните тешки периоди. Во нашите клиники, искусен тим на доктори ги лекуваат нашите пациенти со етика, која произлегува од нивното искуство.

Вашиот медицински тим е импресивен. Дали планирате да поканите лекари од Турција да бидат дел од тимот тука во Македонија?

– Освен нашите уникатни услуги воведуваме и таканаречен обратен медицински туризам во Македонија, за да донесеме голем број турски лекари во нашата болница. Како што знаете, Македонците често патуваат заради многу здравствени услуги во Турција, и ние сакаме да донесеме некои лекари за пациентите да се лекуваат во својата земја, за да можат да ја добијат таа професионална услуга во својата земја. Значи, ние сакаме да воведеме турско медицинско искуство за нашите пациенти.

Господине Арсланиуреги, вие сте извршен директор на „Оne Hospital“, титула што носи голема одговорност. Која е вашата мисија и визија во однос на болницата и на нејзините пациенти, но и на јавното здравство и заедницата?

– Здравствената заштита е комплексен бизнис, кој вклучува многу дисциплини. Мора да имате знаење за гостопримството, медицината, логистиката и за многу други работи. И главната цел е да ги споите луѓето од различни професионални позадини да работат заедно на еден синергичен начин. Имаме одговорност како болница во заедницата, да им служиме на луѓето кога најмногу им е потребно тоа, со врвен етички пристап. Затоа, јас искрено верувам дека „One Hospital“ креира различност во својот етички пристап во медицината главно.

Зошто одлучивте да инвестирате токму тука во Македонија, поточно во Тетово, со оглед на сите други можности во регионот? Дали планирате да отворите друга клиника „One Hospital“ во нашата земја, и каде?

– Во моментот имаме клиники во Скопје и во Тетово и секако, нашата главна општа болница во Тетово. Во однос на историската поврзаност помеѓу Македонија и Турција, ние секојдневно сме уверени дека сме на вистинското место, на кое на Македонците им е потребна поддршка во здравството. Веруваме дека долгорочно ќе имаме повеќе клиники со повеќе локации низ земјата, и секако низ регионот, за да ја донесеме турската медицинска експертиза на овие простори.

Како ќе ги оцените предизвиците што ги имавте при инвестирање во Македонија, во смисла на документи, одобрувања, лиценци и сл., кога ја започнавте приказната „One Hospital“ во нашата држава?

– Здравствената заштита е приоритет насекаде во светот. Некое региони имаат недостаток од технологија, на некои места, пак, недостасува човечка моќ или инвестициски капитал. Главниот проблем со кој се соочивме овде е што голем број талентирани професионалци ја напуштија земјата за подобри услови во другите земји, како на пример, во земјите во ЕУ. Се соочивме со одреден недостаток на луѓе и веруваме дека како уште една болница во регионот, ја поддржуваме синергијата во индустријата креирајќи нови работни места.

Секоја земја има свои предизвици, некаде има недостаток на технологија, некаде недостаток на капитал, но она што е важно, и за несреќа, е што голем број здравствени професионалци имигрираат во Европа за подобри услови. Очекуваме во иднина да овозможиме позиции на многу искусни доктори и ве уверувам дека нашата болница ќе биде една од најголемите во земјата, која ќе ги понуди тие позиции. Исто така, главниот проблем тука е што не е лесно да се најде соодветна медицинска опрема со потребните вештини, бидејќи нема многу инфраструктура.

Во време на глобална пандемија со ковид-19, кој е непознат и моќен непријател со кој се бори целиот свет, како болницата, но и вие лично, се справувате со сите предизвици што ги донесе овој вирус?

– Ковид-19 вирусот ги промени моите етики во здравството, сите ние не знаевме како да се справиме со овој вирус, затоа што секој ден добивавме нова информација поради фактот што не знаевме многу за вирусот и за начинот на ширење и пренесување на заразата. Приоритет ни беше да ги заштитиме нашите вработени од зараза, второ, да обезбедиме безбедна и пријатна околина за нашите пациенти, ние бевме многу претпазливи во однос на примањето на нашите пациенти, затоа што еден пациент може да биде ризик за следниот. Преземавме најстроги мерки за заштита на вработените, пациентите и следните пациенти, кои треба да дојдат во иднина. На почеток имавме строги протоколи за заштита, но сега ги користиме стандардните протоколи спроведени од органите во земјата во секој агол од нашата болница за да креираме максимална сигурност и специјален комфор.

Пандемијата промени сѐ. Почнувајќи од начинот на кој ги пречекуваме луѓето, до начинот на кој ги лекуваме. Во секој чекор од искуството што го доживуваат пациентите, ги имплициравме нашите мерки за да ги заштитиме нашите пациенти и вработените. Обидите да ја одржиме болницата без ниту еден заболен од ковид-19 не се лесни, но со редовно следење одблиску, со заедничко работење, со редовни состаноци, успеваме во тоа.

Сигурно ништо нема да биде исто после пандемијата. Гледаме дека луѓето имаат потреба од државните и од приватните болници овој период, но сепак и тоа изгледа дека не е доволно за време на пандемијата. Верувам дека иднината во телемедицината ќе биде поубава.

Во нашата водечка болница, нашите пациенти ја чувствуваат разликата од моментот кога ќе пристигнат. Првенствено, секој наш пациент е наш гостин. Со нашиот уникатен пристап правиме пациентите да се чувствуваат како да се дома. Нашата изворедна медицинска нега и грижа, и нашите искусни тимови, кои секогаш имаат насмевка на лицата, дополнително влијаат на позитивниот однос кон нашите пациенти – гости, во нивните тешки периоди.

Поврзани вести

ФОТО: Лонгорија во црвено бикини го покажа совршеното тело, фановите и порачаа „Ти не старееш“

Слободен печат

ФОТО: Меган Фокс позираше во проѕирна маица, јасно е дека таа „заборавила“ да облече градник!

Слободен печат

ФОТО | Се вакцинираше актерката Џенифер Анистон: Јас сум привилегирана

Слободен печат

ВИДЕО | Готова за три минути: Апаратите за пица кои ги шокираа Италијаните

Слободен печат

ВИДЕО: Кортни Кокс ја исфрлила водителката од дома бидејќи била лоша цимерка

Слободен печат

ФОТО | Јелена Карлеуша ги замолчи оние кои не веруваат дека се вакцинирала: Јецо, те почитувам, но иглата никаде не ја гледам – Затоа што си слепа!

Слободен печат

Остави Коментар