Интервју со Благојче Дамески: Прилеп често бил расадник на добри фудбалери, можеме да се пласираме на ЕП

– Се надевам дека фудбалската федерација ќе донесе најправедна и најдобра одлука за мак фудбалот – вели играчот на ФК Победа, Дамески.

Веб порталот на „Слободен печат“ направи интервју со сегашниот фудбалер на екипата на прилепска Победа, Благојче Дамески.

Зборувајќи за актуелната ситуација, за позначајните моменти во неговата кариера, за развојот на талентите во Прилеп како најфудбалски град во Македонија…

Се очекува наскоро финална одлука од ФФМ за тоа дали и кога ќе продолжи сезоната, а воедно 38-годишниот играч го сподели и своето размислување за шансите на нашата А репрезентација за пласман на следното Европско првенство.

Се одредуваат протоколи, мерки кои мора да се почитуваат, со носење на маски на клупите, без ракување, социјално дистанцирање, предлогот за пет замени кој веќе се практикува, како можеме да го очекуваме повторно оној борбен фудбал кој го знаеме, а доволно свесни дека станува збор за контактен спорт..

Поради пандемијата на Ковид-19, во прекин се голем број на спортски, фудбалски натпреварувања, но еве полека почнувајќи од Бундеслигата некако се враќаат. Како вие гледате на ситуацијата, еве два месеци скоро без спорт, на евентуалното враќање и физички и психички може да се рефлектира кај играчите, ризикување на повреди?

– Пред сè би посакал многу здравје на сите спортисти, спортски работници и сите луѓе подеднакво. Жал ми е што ни се случи ова „лудило“ и што дојде до прекин на првенството. Можам да кажам дека двомесечното стагнирање од тренинзи и натпреварите лошо би влијаело на физичката подготвеност на фудбалерите и склоноста на повредите би се зголемила.

Можете ли едно кратко резиме на вашата клупска кариера како играч, бевте дел од Победа, Металург, Македонија ЃП, Напредок, а воедно и Крафт од Финска, кои се вашите големи успеси, настани?

– Како играч настапував во Победа, Напредок Кичево, Металург, Македонија Ѓорче Петров и Крафт од Финска. Моите поголеми успеси се освојување на титулата во мак фудбалот со екипата на Победа во сезоната 2006/2007. Исто така, многубројните настапи на европска сцена, би ги издвоил натпреварите со италијанската Парма во Купот на УЕФА и мечевите против бундеслигашот Хамбургер во Интертото купот, како позначајни во мојата кариера.

Оваа сезона (2019/2020) ги брани боите на прилепскиот фудбалски клуб Победа што настапува во Втората лига – Исток..

– Моментно сум сеуште активен играч во Победа и покрај моите 38 години. Но, се чувствувам физички добро и се надевам дека ќе продолжам со активно играње уште некоја година.

Според ваков е развојот на прилепскиот фудбал, верувате ли дека има моментно прави услови да излегуваат таленти на кои во иднина треба да гледа, и прилепскиот спорт воопшто?

– Развојот на фудбалот во Прилеп е во нагорна линија, се очекува градскиот стадион да биде спремен за игра во најскоро време. Сепак, Прилеп го носи епитетот за најфудбалски град. Често бил расадник на добри фудбалери, има доста млади и надежни фудбалери, со надеж дека еден ден ќе бидат добри играчи.

А дека Прилеп навистина дава(л) добри фудбалери, ќе спомнеме само дел од нив, Езџан Алиоски, Благоја Гешоски, Тони Мегленски, Илчо Наумоски, Илија Несторовски, Јане Николовски, Марјан Радески, Дарко Тофилоски…

Од Фудбалската федерација на Македонија најавуваат дека во понеделник (18 мај) треба да се одлука прво за прволигашите, дали можеме да очекуваме во рамките со почитување на одреден протокол да се дознаат шампионите на теренот?

– Не можам да кажам дали првенството би требало да се продолжи или не. Таа одлука е во рацете на раководните луѓе во фудбалската федерација, на кои се надевам дека би донеле најправедна и најдобра одлука за мак фудбалот.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како нација сме гладни за спортски, фудбалски успеси на меѓународната сцена на клупски и репрезентативен фудбал. Најдобрата македонска репрезентација е блиску до учество на следното Европско првенство, противник ни е Косово во полуфиналето во рамките од УЕФА Лигата на нации..

– Мислам дека редно време е македонската репрезентација да се пласира на Европско првенство. Се надевам и верувам во оваа генерација дека би можела да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот