Интервју на Претседателот на Француската Република Емануел Макрон за списанието Le Grand Continent

Фото: EPA-EFE/FRANCOIS GUILLOT

Претседателот на Француската Република Емануел Макрон за списанието Le Grand Continent даде интервју кое ви го пренесуваме во два делаLe Grand Continent го издава независната асоцијација Groupe d’Etudes Géopolituques, од Ecole Normale Supérieure во Париз. Интервјуто е од 12 ноември 2020.

2020 година се ближи кон крајот. Кој е вашиот сегашен правец помеѓу ургентниот менаџмент и долгорочната визија?

-Како што рековте, 2020 година беше обележана со кризи. Очигледно, пандемијата на Ковид-19, но исто така и тероризмот, што последните месеци се врати на голема врата во Европа и Африка. Тоа особено се однесува на таканаречениот исламистички тероризам, кој во име на некаква идеологија ѝ штети на религијата.

Ова се дополнителни кризи кон предизвиците кои веќе ги имавме и кои се, така да кажам, структурални: климатските промени, биодиверзитетот, борбата против нееднаквостите – и поради тоа, неодржливоста на нееднаквостите помеѓу општествата и во самите општества –  како и огромната дигитална трансформација. Се наоѓаме во време од човечката историја со невидена акумулација на краткотрајни кризи, како што се пандемијата и тероризмот, како и длабоки трансформирачки транзиции кои го менуваат меѓународниот живот и дури имаат антрополошко влијание: тука мислам на климатските промени како и технолошката транзиција која го менува начинот на кој го гледаме светот и како што неодамна повторно имавме прилика да видиме, комплетно ги пореметува врските помеѓу внатрешноста и надворешноста, и нашите претстави за светот.

Соочени со ова, во право сте кога зборувате за правец, длабоко верувам дека тука постои водечка нитка, а тоа е дека треба одново да ги дефинираме формите на меѓународна соработка. Една од карактеристиките на сите овие кризи е дека човештвото се соочува со нив различно, во зависност од локацијата, но сите ние истовремено сме соочени со овие огромни транзиции и наизменични кризи. Ако сакаме да ги решиме на најдобар можен начин,  ќе треба да соработуваме. Нема да ја победиме пандемијата и овој вирус ако не соработуваме. Дури и ако некој открие вакцина, ако истата не се дистрибуира низ целиот свет, вирусот повторно местимично ќе се враќа. Во борбата, пак, против тероризмот што сите нé засега, да не заборавиме дека повеќе од 80% од жртвите на исламистичкиот тероризам доаѓаат од муслиманскиот свет, како што неодамна повторно имавме прилика да видиме во Мозамбик. Заедно се соочуваме со овие кризи. За мене, прва меѓународна цел е да се најдат начини за корисна соработка: нашата работа на вирусот со механизмот Акт-А, нашата работа во врска со тероризмот со градење на нови коалиции и нашата неуморна работа на сите клучни проблеми што ги споменав.

Дополнително, верувам дека напредокот зависи од важноста, тука и сега, од јакнењето и структуирањето на политичка Европа, два елемента што ги сметам за комплементарни. Зошто? Затоа што ако постои соработка, урамнотежените столбови ќе овозможат структуирање на истата околу новиот мултилатеризам, а кој е дијалог помеѓу различните сили со цел да се донесуваат заеднички одлуки. Тоа значи признание дека рамките на мултилатералната соработка денес се слаби, затоа што се блокирани: морам да кажам дека Советот на Безбедност на ОН повеќе не произведува корисни решенија; сите сносиме одговорност кога одредени организации, како на пример Светската Здравствена Организација, станува заложник на кризата на мултилатеризмот.

Потребно е да ги редефинираме корисните форми на соработка – коалиции на проекти и играчи – како и да ги модернизираме структурите и да креираме референтно поле за натпревар за секого. За таа цел, ние исто така треба да ги ревидираме условите за партнерство: верувам дека патот кон напредокот е јака и политичка Европа. Зошто? Затоа што не верувам во тоа дека Европа го разводнува гласот на Франција: Франција има свој идентитет, своја историја, свој поглед кон меѓународните односи, но сепак има многу покорисни и појаки достигнувања кога тоа го прави преку Европа. Јас мислам дека тоа е единствениот начин да се утврдат нашите вредности, заедничкиот глас, да се превенира кинеско-американската поларизација, дислокацијата, враќањето на непријателски регионални сили. Ова го постигнавме со одржување на Парискиот Климатски Договор: Европа беше таа што ја срочи програмата со цел да ја задржи Кина со нас, по одлуката на претседателот Трамп. Соработувавме во борбата против тероризмот зедно со Нов Зеланд  на самитот на „Крајстчерч во Повик за Акција“, но вистинската акција беше лансирана од Европа токму тука, пред година и половина.

Јас верувам дека во овој момент ние не можеме да ја изгубиме европската нитка и стратешката автономија, оваа сила што Европа може да ја има. Кога би можел да  видам надвор од тука и сега, би рекол дека нам ни требаат два јаки принципи: да се вратиме на колосек со корисна меѓународна соработка која првенира војни и ги адресира нашите актуелни предизвици; со цел да градиме многу појака Европа, со глас, силина и принципи што ќе можат да го издржат товарот во оваа реформирана рамка.

Зборувате за правец, гледање кон иднината, но исто така можеме да го разбереме овој момент на транзиција со гледање кон минатото и прашувајќи се каква ера звршува со 2020 година. Дали оваа ера започнала во 1989 или 1945 година?

-Мошне тешко е да се каже, затоа што не знаеме дали се наоѓаме во момент од времето што ни дозволува да го рефлектираме овој период. Не знам дали е доволно темно за „Бувот на Минерва“ (симбол на мудроста, прим.прев.) да се осврне наназад кон она што исчезнува, за да може да го разбере. Но, мислам дека овие две клучни кризни години што ги споменавте се такви моменти, исто како и 1968 година.

Можеме да видиме дека имаме криза со мултилатералната рамка од 1945 година: во смисол на ефективност, но, уште посериозна, по мене, е кризата во смисол на универзалноста на вредностите поддржани од структурите. И ова е за мене – а беше споменато денес на Парискиот Мировен Форум – една од најважните точки од она што неодамна имавме прилика да го видиме. Елементите како што се човечкото достоинство, кои беа свети и на кои сите народи на ОН и сите земји претставнички се заветуваа, сега се проблематизираат и се потценети.

Се појавува нова перспектива како проблем, а тоа се игрите од страна на силите кои не ја почитуваат рамката за човекови права на ОН. Постои многу јасно игра од страна на Кина, од страна на Русија по ова прашање, а која промовира рушење на вредностите и принципите. Исто така, постои игра за ре-културизација со која се обидува овие вредности да ги вклучи како дел од дијалогот на цивилизациите, односно судирот на цивилизациите, со нивно проблематизирање на база на религијата, на пример. Ова е инструментално при фрагментирањето на сеопфатноста на овие вредности. Ако некој го прифати предизвикот за овие вредности, а кои се однесуваат на човековите права, а со тоа на сеопфатност базирана врз човечкото достоинство и на слободната и разумна индивидуа, тогаш е многу сериозно. Затоа што вредносните мерки повеќе не се исти, а затоа што нашата глобализација се гради врз овој принцип: ништо не е поважно од човечкиот живот. Тука го гледам првиот прекин. Тоа е од неодамна и моментално е во застој, но тоа е производот од идеолошките избори во целост признати од силите кои во тоа гледаат средство за издигнување и формирање на слабост, односно слом. Со тоа се навикнуваме  и мислиме дека она што како збир на зборови постојано го повторуваме не е во опасност. Ова е првиот прекин и е мошне загрижувачки.

Постои и втор прекин во нашиот „концерт на нациите“, кој е, мислам, кризата кај западните општества после 1968 и 1989 година. Насекаде во Европа гледаме пораст на неоконзервативизмот, со што се проблематизира 1968 година – неоконзерватистите ја земаат како референтна – што ја проблематизира состојбата на зрелост на нашата демократија – признавањето на малцинствата, движењето за ослободување на народите и општествата – тука е и враќањето кон владеење на мнозинствата и извесен начин на форма на јавна вистина. Ова е враќање назад во нашите општества, секаде. Ова е вистински пресврт што не смее да се занемари, затоа што е инструмент за рефрагментација.

Исто така, сметам дека се наоѓаме на точка на пресврт во однос на пост-1989 години. Генерациите родени после 1989 ја немаат доживеано последната голема борба што го формираше западниот интелектуален живот, како и нашите односи: антитоталитаризмот. Тие се базираа, во голема мерка, како академски, така и политички, врз приказната за „крајот на историјата“ и имплицитната идеја за тековното ширење на демократијата, индивидуалните слободи итн. Денес се гледа дека тоа повеќе не е случај. Авторитарни регионални сили одново се појавуваат, теократии одново се појавуваат. Извртување на историјата, што несомнено се манифестира во времето на Арапската Пролет, каде тоа што се гледа низ истата леќа како елемент на либерализација, е всушност елемент на враќање на мајндсетот (начинот на размислување) на одредени народи и на религијата во политиката. Ова е извонредно забрзување кон враќањето на религијата на политичката сцена во голем број од овие земји.

Сите овие елементи создаваат длабоки прекини во нашите животи, нашите општества, и во духот што изникнува од овие датуми. Поради тоа, лично сакам да го пласирам она што би можеле да го нарачеме „Париски Консензус“, иако јас би го нарекол светски консензус, кој го пласиравме денес, а кој се состои од надминување на клучните датуми што ни го формираа политичкиот и интелектуален живот во изминатите декади за да се земе во предвид елементот на конкретизација на таканаречениот Вашингтонски Консензус и поради фактот што нашите општества беа исто така градени врз парадигмата на отворени економии и општествена пазарна економија, како што се викаше во повоена Европа, која сé помалку и помалку стануваше општествена, а сé повеќе и повеќе отворена, и која после Консензусот, всушност се претвори во догма каде што вистините беа: помалку државна интервенција, приватизации, структурни реформи, отворање на економиите низ трговија, финансијализација на економиите, со релативно монолитно образложение, базирано врз акумулација на профитот. Таа ера даде свои резултати, многу лесно е да се суди од денешен аспект. Тоа им овозможи на стотици милиони луѓе на планетата да се извлечат од сиромаштијата, од отварањето на економиите и теоријата на компаративна предост, многу сиромашни држави имаа корист. Но денес тоа го гледаме поинаку, што е длабок прекин во клучните транзиции што ги споменав.

Прво, не ни помага да ги адресираме и интернализираме клучните промени во светот, посебно климатските промени, кои остануваат екстерналија од Вашингтонскиот Консензус. Сега доаѓаме до точка каде што итноста е таква што е невозможно да се побара од лидерите да адресираат едно од главните проблеми во моментов, проблем што несомнено е приоритет за идните генерации, повеќе како пазарна екстерналија. Мора да се врати назад на пазарот. Тоа е она што го правиме од Парискиот Договор наваму, со цените на јаглеродот, на пример, што не се подразбира со Вашингтонскиот Консензус, затоа што имплицира дека и нешто друго освен профит треба да се вклучи.

Втора работа е нееднаквоста. Начинот на кој современата финансијализирана пазарна економија функционира овозможува иновација и излез од сиромаштијата, но ги зголемува нееднаквостите во земјите.

Затоа што луѓето масовно се преселуваат, затоа што дел од популацијата е сведена на чувство на бескорисност, со длабоки економски и социјални, но исто така и ментални трагедии: нашата средна класа, посебно, како и дел од работничката класа се варијабилата за баланс на оваа глобализација и тоа не смееме да го  толерираме. Не смееме да го толерираме, иако веројатно го имаме потценето. Нашите демократии живеат во извесна форма на полигон за поддршка, каде што ни требаат, како политичките принципи на демократија и нивните ротации на снага, така и  индивидуалните слободи, општествената пазарна економија и прогресот на средната класа.

Овие елементи ја сочинуваат социолошката основа на нашите режими: тоа е начинот на кој функционираме од осумнаесетиот век. Кога средната класа нема повеќе фактор за напредок и нивната ситуација се влошува од година во година, се јавува сомнеж во демократијата. Тоа е токму она што го гледаме насекаде, од Соединетите Држави на Доналд Трамп до Брегзит, опоменати се и нашата и многу други европски земји. Овој сомнеж се јавува и многумина си велат: „ Ако сакаме повторно да напредуваме, со оглед на тоа што повеќе не напредуваме,  ќе треба или да ја намалиме демократијата и прифатиме одредена врста на авторитет, или ќе треба да прифатиме елементите на затворање на границите, затоа што светот не функционира онака како што досега функионираше.“

Поради ова длабоко сум уверен дека се наоѓаме на точка на пресврт, значајна точка на пресврт, како последица на овие политички проблеми, и како пресврт во современиот капитализам. Со оглед на тоа што капитализмот постана финансијализиран, стана и преконцентриран и на тој начин не е во состојба да управува со нееднаквостите во нашето општество и меѓународно. Ние можеме да одговориме само со копирање. Прво, не е адресирано кон одредена држава и правилата што ги поставив не се воопшто залудни, и стојам на тоа. Како што социјализмот не функционираше во ниедна држава, борбата против овој механизам на капитализмот е неефективна во ниедна држава. Не можеме да се бориме преку оданочување, туку преку градење на поинакви животни патишта: со образование и здравство кога сте држава, потоа со поинаков начин на работење за финансиски и економски движења, на начин што ќе ги вклучат климата како цел, потоа инклузијата и елементите на стабилност на системот во срцето на матрицата. Така јас тоа го гледам.

Се наоѓаме на пресвртница во однос на постигнатите работи на клучни историски датуми. Истовремено се наоѓаме на пресвртница во однос на капиталистичкиот систем, кој треба да ги идентификува проблемите со нееднаквостите и климатските промени. Понатаму следува нов фактор кој забрзано се формира, а тоа се социјалните мрежи и интернетот. Оваа значајна креација, што иницијално беше направена за размена на информации и циркулираше во академските кругови, прерасна во извонреден инструмент за ширење на информации. Освен тоа, истата прерасна во две опасни работи, инструмент за вирализација на емоциите, какви и да се – што значи дека секој се гледа себеси во светот и емоциите на другите, надвор од контекстот, и за добро и за лошо, како и за дехиерархизација на индивидуалноста, па следствено и бунт против било каква форма на авторитет, било да е политички, академски или научен, кој допринесува во формирањето на животот во демократските општества, едноставно затоа што е тука, затоа што некој така рекол и затоа што има иста вредност од каде и да произлегува. Сеуште доволно не придаваме важност на сето тоа. Сеуште немаме организирано некаков јавен ред во оваа област. Оваа виртуелна област ги диригира нашите избори денес и истовремено го трансформира нашиот политички живот. Поради тоа, антрополошки, ги нарушува демократиите и нашите животи.

Конечна пресвртница се демографските промени, кои често се занемаруваат. Ги имаме огромните климатски, технолошки, политички, економски и финансиски промени, а тука е и демографската варијабила. Имаме популација која расте со огромна стапка. Иако не ги застапувам, повторно се појавуваат теории како малтузијанизмот, затоа што не можеме да живееме во свет кој треба да се справува со недостатокот на ресурси и ограниченоста на човечкиот вид, а истовремено да сметаме дека демографијата е егзоген елемент. Денес се соочуваме со светска популација која расте за 400 до 500 милиони луѓе на секои пет години. И најважно од сé, овој раст покажува акутна нерамнотежа: доколку се земе регионот на Европа и Африка, на секоја европска земја која демографски исчезнува, една афричка земја се појавува. Сведоци сме на забрзани пресврти во историјата. Европската демографија се намалува загрижувачки – во Франција помалку од останатите земји – имаме европски земји со мошне загрижувачки миграции, на пример во Источна Европа. Од друга страна, афричката демографија расте. Сево ова придонесува до реформирање на светот, економските капацитети, иднината и очигледно доведува до нарушување на меѓунационалните односи. Не верувам дека досега имало период во историјата со ваква концентрација на пресврти.

Кои се инструментите за формирање на новиот мултилатеризам кој ги адресира овие пресврти?

-Пред сé, ни претстои идеолошка работа која треба да се земе во предвид и да се именува. Денес идеологиите се разликуваат. Пред три години кога зборував за европската сувереност и стратешка автономија, ме сметаа за луд и овие идеи беа отфрлени како француски фантазии. Сепак, успеавме да ги помрднеме работите од место. Во Европа овие идеи земаа замав. Изградивме европска одбранбена моќ, иако се сметаше дека е незамисливо. Бележиме напредок и на полето на технолошка и стратешка автономија и луѓето беа изненадени кога почнав да говорам за контрола над 5Г. Така што ни претстои итна идеолошка работа. Прашање е на воспоставување на европски суверенитет и стратешка автономија, со цел да имаме авторитет, а не да станеме вазали на било која сила и да немаме право на збор.

Понатаму, мора да ги адресираме овие проблеми, заедно да размислиме и да произведеме корисна акција. Во Европа има многу необмислени работи. На геостратешко поле заборавивме да размислуваме самостојно, затоа што нашите геополитички односи одат преку НАТО, да бидеме искрени, Франција помалку од останатите, поради својата историја, но тоа суперего е сéуште присутно и понекогаш се борам против тоа. Идеологијата која затоа може да се воспостави во Европа е заедничкото вреднување на светот и нашите намери како клучна точка. Сето она што го изнесовме на Мировниот форум, Парискиот Консензус и нашите дествија во врска со француската и европската политика претставува клуч.

Потоа, многу краткорочно, одговорот лежи во колациите на играчите. Она што го практикувам од прв ден е еден вид прагматизам, каде што работиме со она со што располагаме и каде што покажуваме пример дека одиме нанапред. Кога САД одлучија да се повлечат од Парискиот Договор, два часа потоа јас одражав конференција под име „Да ја направиме нашата планета повторно голема“ како одговор на претседателот Трамп, а по неколку месеци, на годишницата на Парискиот Договор, го одржавме првиот самит „Една Планета“ токму овде, во Елисејската палата. Пласиравме коалиција на играчи, американски држави, американски компании, клучни спонзори, како и бројни коалиции што треба да ги адресираме во врска со конкретните начини на борба против издувните гасови, на пример, намалување на емисијата на јаглерод, односно хидрофлуорјаглеродот. Од самитот „Една Планета“ во декември 2017 година досега, ова постојано го работиме. Вклучуваме учесници кои не беа доволно вклучени во концертот на нациите, одржав и еден „Една Планета“ самит во Африка, затоа што верувам дека  нашата стратегија треба да биде афро-европска. Европа мора да биде носител во овој сооднос затоа што многу повеќе е обединета на геополитички план од Африка и треба да ја вклучи Африка како рамноправен партнер. Ова го направивме во Најроби, во борбата против опустошување на земјата. Истото го сторивме кога претседателствувавме со Г7, воспоставивме коалиции на играчи со цел да се намали меѓународниот поморски транспорт и следствено емисија на хидрофлуорјаглеродот, градејќи Г7 во соработка со афричките земји. Тие ја сочинуваа половина од програмата.

Пред сé, треба да се редефинира нашиот пристап дека Европа мора да биде доминантна. Второ, вистинско партнерство помеѓу Европа и Африка, затоа што заедно имаме клуч за проблемите. Понатаму, тука е создавањето на конкретни коалции со владини и невладини играчи, бизниси и асоцијации, со цел да постигнеме резултати на патот што заедно го трасираме. Понатаму ќе бидеме во можност да градиме стратегии за пошироки алијанси. Со ваква стратегија, на тема за климата, успеавме да ја вклучиме Кина. На секој самит „Една Планета“, Кина го презентира развојот на кинескиот пазар на јаглерод  и имплементацијата на цените на јаглеродот. Со нашата проактивност, не потпирајќи се на некаква инертна стратегија, успеавме да ги ангажираме Кинезите, што се надевам дека ќе нé донесе до нов чекор со Кина во врска со целите за 2030 година и стратегијата за неутрализација на јаглеродот во 2050 година, сево ова во следните неколку месеци, а што ќе допринесе за повторно ангажирање на Америкаците по ова прашање.

Друг пример за оваа тактика што ја применувам во последните три години за постигнување на овие цели се социјалните мрежи: борбата за слободите, јавниот стандард и против омразата и тероризмот онлајн. Кога летото во 2017 година се случи нападот во Велика Британија, Тереза Меј дојде тука, на 13 јули 2017 година и заедно упативме јавен повик до клучните платформи и социјални мрежи да  исклучат било каква содржина со терористичка назнака. Потоа го предадовме до ОН. Цела година имавме тешка борба. Малкумина беа на наша страна. Горливите бранители на слободата на говорот застанаа против овој предлог. И во ОН и во Европа бевме осамени по ова прашање. Сепак, успеавме да ги придвижиме работите, за жал, поради нападот во Крајстчерч. На 13 мај 2019 година, во Елисејската палата, ја поканив премиерката на Нов Зеланд, заедно со повеќе европски и африкански лидери, секогаш со желба за вклучување на различни региони, како и главните луѓе од најголемите социјални мрежи, Твитер, Фејсбук, Гугл и сл. Секој од нив се обврза на таканаречениот „златен час“, што значи да ги избришат сите објави со терористичка содржина во рок од еден час. Тоа не е закон, туку хибрид кој направи преседан помеѓу суверените држави, со цел да му се спротивстават на овој проблем. Се надевам дека Парламентот ќе го усвои како закон кој ќе го направи „златниот час“ задолжителен во Европа.

Ние можеме да наприме промени во секоја од овие горливи работи, само ако нашите принципи и цели се јасни и ако успееме да изградиме нови оригинални стратегии на учесници, помеѓу државите и недржавните сили. Ова бара или брза интервенција во случај на шок, како на пример Крајстчерч, или пак градење на подлога за заедничка идеологија и заеднички поглед кон светот, да покажеме што ни треба, соочени со зедничките предизвици, како и изградба на успешна соработка.

Последен пример е Актот-А. Кога се појави вирусот, имавме само еден страв, ако вирусот ја погоди Африка или други сиромашни земји, што ќе направат? Ако немаме избор и мораме да ги затвориме нашите земји, како ќе преживеат? Веднаш формиравме канцеларија на Африканската Унија, онлајн, со бројни лидери, пред да се поднесе до Европа и Г20. Ја формиравме оваа Акт-А иницијатива со Африканската Унија, Европската Унија, останатите сили од Г20 и СЗО со цел да се помогне финансирањето на унапредувањето на основните системи на здравството, особено да се обезбеди вакцината да постане глобално јавно добро и да се овозможи да биде произведена во количини доволни за снабдување и на најсиромашните земји. За сé имаме решение, но потребно е да се воведат иновации во секоја од овие области.

Може ли да се навратите кон тоа што го рековте за геополитичка Европа: која конкретна дефиниција стои зад суверенитетот и стратешката автономија на Европа како сила?

-Европа не е само пазар. Со децении наназад ние дејствувавме имплицитно, како Европа да е единствен пазар. Но ние не ја сфаќавме Европа како ограничен политички простор. Нашата валута не е завршена. Сé до годинешниве договори, немавме вистински буџет, ниту финансиска солидарност. Не ги имавме во потполност обмислено сите социјални проблеми што нé прават обединет простор, ниту пак она што нé прави сила во концертот на нациите: високо интегриран регион со јасни политики. Европа мора да се редефинира политички и да делува политички со цел да ги дефинира зедничките цели кои најмногу ја делегираат нашата иднина на пазарот.

Конкретно, тоа значи дека кога станува збор за технологија, Европа треба да изнајде сопствени решенија за да не зависи од американските или кинеските технологии. Ако зависиме од нив, на пример во телекомуникациите, не можеме да им гарантираме на европските граѓани тајност на информациите и безбедност на нивните приватни податоци, затоа што немаме таква технологија. Како политичка сила, Европа мора да биде способна да обезбеди решенија за т.н. клауд технологијата, инаку вашите податоци ќе бидат зачувани на некое место кое не е под ваша јурисдикција, како што е случајот денес. Така, кога зборуваме за вакви конкретни проблеми, всушност зборуваме за политика и човекови права. Ако Европа е политички простор, тогаш треба да ја градиме на таков начин со кој ќе можеме политички да им ги гарантираме правата на нашите граѓани.

Да бидеме јасни: дозволивме ситуациите да ескалираат таму каде што не е таков случајот. Денес, ние сме во процес на реформирање на технолошка независност, на пример со телекомуникациите, но не е таков случајот со зачувување на податоците на т.н. клаудови. Нашите информации се наоѓаат на клауд кој не е регулиран со европската легислатива и во случај на спор, ние ќе зависиме од добрата волја и работата на американското законодавство. Политички, ова е недозволиво за избраните лидери, затоа што значи дека не сме обезбедиле начин за заштита на нашите граѓани и нивните податоци, некаква гаранција или регулатива за ова прашање.

Истото важи за екстериторијалноста на доларот, што не е нов факт. Пред помалку од десет години, неколку француски компании беа казнети со милијарди евра затоа што работеле со земји кои биле забранети според американскиот закон. Конкретно, ова значи дека нашите компании можат да бидат осудении од странски сили кога работат во трети земји, тоа е негирање на суверенитетот, на можноста сами да одлучуваме, а тоа ја слабее нашата позиција во огромна мерка.

За жал, потполно ги прифативме импликациите од ова кога стана збор за Иран. Ние од Европа сакавме да останеме во рамките на т.н. Договор за Заеднички План за Акција. Со повлекувањето на Америка, ниту една европска компанија не можеше да ја продолжи соработката со Иран поради страв од санкции од страна на Соединетите Држави. Оттука, кога зборувам за суверенитет и стратешка автономија, јас ги обединувам сите овие проблеми кои на прв поглед се многу различни.

Како да одлучуваме сами: Токму тоа е автономијата: идејата дека сами ги избираме сопствените правила. Ова значи ревидирање на политиките на кои сме навикнати, технолошки, финансиски и монетарни политики, политики со кои ние во Европа создаваме решенија за нас самите, за нашите компании, нашите сограѓани, а кои ќе ни овозможат соработка со другите, со оние кои ние ќе ги избереме, независно од останатите, што сéуште не е случај денес. Остваривме голем напредок во последните години, но сéуште го немаме решено овој проблем.

Може ли да се говори за европски суверенитет како што јас зборувам? Овој термин е малку претеран, признавам, затоа што ако имаше европски суверенитет, ќе постоеше и потполно етаблирана европска политичка сила. Сé уште не сме дотаму. Постои Европски Парламент кој ги претставува европските граѓани, но сепак сметам дека оваа форма на претставување не е во потполност задоволителна. Поради тоа, јас горливо ја застапувам идејата за транснационални листи, што значи појава на вистински европски урнеци кои ќе се дотераат, не поединечно во секоја земја или политички сојуз, туку на пократок начин. Се надевам дека следните избори ќе ни овозможат да го направиме тоа. Ако сакаме европски суверенитет, несомнено ни требаат европски лидери во целост избрани од страна на европскиот народ. Поради тоа, би рекол дека оваа автономија е транзитивна. Помеѓу она што го работи Европската Комисија, во Европскиот Совет каде што имаме претставници избрани од нивните земји, и Европскиот Парламент, се појавува нова форма на автономија, која не е национална, туку европска.

Сепак, кога ја изложувам оваа идеја, содржината на суверенитетот како целина е она за што говорам, и која можеби на понеутрален начин се содржи во изразот „стратешка автономија“. Сметам дека е од витално значење Европа да најде начини и средства за самата да одлучува, да се потпира врз себеси и да не зависи од други, во секој смисол, во технологијата, како што веќе кажав, потоа во здравството, геополитиката, и сама да може да одлучува со кого ќе соработува. Зошто? Затоа што сметам дека Европа претставува конзистентен географски простор во смисол на вредности, интереси и тоа треба да го браниме. Ние сме агрегат на различни народи и различни култури. Не постои поголема концентрација на толку многу јазици, култури и различности на било кој друг географски простор. Но нешто нé обединува. Сите сме Европејци кога сме надвор од Европа. Ги чувствуваме разликите едни меѓу други, но чувствуваме носталгија кога ја напуштаме Европа.

Како и да е, сигурен сум во едно: ние не сме САД. Тие се наши историски сојузници. Како и тие, и ние ја негуваме слободата, човековите права, имаме длабоки врски, но ние на пример, имаме склоност кон еднаквост која не може да се види во САД. Нашите вредности не се сосем исти. Имаме склоност кон социјална демократија, поголема еднаквост, нашите реакции не се сосем исти. Исто така, верувам дека културата овде е многу поважна, многу повеќе. Конечно, имаме различен поглед кон светот а кој е поврзан со Африка, Блискиот и Среден Исток, потоа имаме различна георгафија, што значи дека нашите интереси не се исти. Нашата политика за добрососедство со Африка, со Блискиот и Среден Исток и Русија не е иста со онаа на САД. Затоа не е прифатливо нашата меѓународна политика да зависи или да ја следи нивната.

Ова што го велам уште повеќе се однесува на Кина. Поради тоа, верувам дека концептот на европска стартешка автономија е мошне јак, мошне содржаен, што значи дека ние сме кохезивен политички и култирен простор и не треба да зависиме од други, тоа им го должиме на нашите граѓани, а тоа е и услов да имаме специфична тежина во концертот на нациите денес.

Крај на првиот дел од интервјуто на Претседателот Макрон за списанието Le Grand Continent, последниот дел ќе биде објавен утре

(Извор: France Diplomacy)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот