ИНТЕРВЈУ | Михаил Караколев-Огноборец со огнено срце:  Срам за спасител нема, тој бара живот после акција, неговото тело е вистинска приказна за покажување

михаил караколев огноборец
Фото: Приватна архива

Иако е ислучително благородна професија, но и посебно ризична и тешка, се добива впечаток дека не е особено почитувано, ценето а уште помалку привлечно да се буде пожарникар во наши услови. Но Михаил Караколев веќе десетина години не само што успешно се справува со предизвикот туку и неуморно и несебично работи на подобрување на имиџот на оние кои секојдневно си го ризикуваат животот.

Уште поважно и поинтересно е тоа што начинот на кој сака да потсети на вистински вредности и достоинството на пожарникарот и идеите со кои сака да го заврти вниманието се модерни и привлечно афирмативни.

михаил караколев огнобореџ
Фото: Приватна архива

Цели странски серии се посветени на пожарникарите каде се претставени како она што навистина се-вистински херои. За среќа или несреќа неодамна имавме прилика како помош од странски држави да ја видиме на дело нивната супериорност во смисла на опрема и организираност. Можно ли е да се работи оваа професија без вистинска љубов особено во скромни услови во кои нашата служба се наоѓа?

Без љубов не, во скромни услови да, веќе не гледате на терен.

За среќа, дојдоа и помогнаа, иронијата е во тоа што повеќемината странски пожарникари се всушност пожарникари од доброволни друштва, “обични” луѓе кои имаат сосема  други работни места . Кое е нивото на една држава ,да имате стабилен и добро платен живот , несебично и хумано да сте вклучени во доброволно ПП друштва, да помагате и покрај добриот живот кој го водите? Несреќа е што ние тоа го немаме. Буквален sci-fi се случуваше пред нашите очи. Тие во рок од еден час спроведоа опрема од соништата. Неколку возила се трансформираа во повеќе дневен камп, снабден со опрема, вода, храна за сите…

Не можам а да не го споменам делото на прерано починатиот словенечки пожарникар. Дваесет годишното момче/херој,еден од најактивните пожарникари при летните пожари, прерано го загуби својот живот во својота земја. Жан Кофол, вечна ти слава, беретка доле. Благодарен до небо, градот Берово именуваше улица во чест на неговата незаборавна хуманост. Несреќа во среќа, би го нарекол овој благодарен акт.

Кога сме кај сериите не можам а да не ја споменам невладината и хумана организација на “LinkAcross”, која успешно спроведе ПП превентивна програма, со дозвола од командантот Владимир Симоновски во соработка со синдикатот на НСПМ. Се работеше за повеќе епизоди од областа на превенирање и заштита од пожари. Штета што нашите медиуми не застануваат зад такви проекти, па како народот би видел повеќе за нашата работа и себезаштитата. Велам повеќе, мислам на Фејсбук и сл.

Нескромно ќе кажам дека сум првиот кој преку социјалните мрежи, објави видеа во кои Бригадата не спие а ниту расте стомаци. Клипови во активно се вежба и се работи на спремноста за пожарникар/спасител. Од таму се здобив и со прекарот Огноборец , кој ми остана како рег.зашт.знак. Сеуште сум “Робин Худ” во својата фирма, мојата борба за подобри услови, опрема, превентива, здравје и плата, секогаш ќе трае.

михаил караколев огнобореџ
Фото: Приватна архива

Не случајно во светот живее повеќедецениска традиција на сега веќе култни календари токму со пожарникари. Пред две години направивте исклучителен напор по ваша сопствена иницијатива на пренесување на идејата кај нас. Резултатот беше првиот календар со фотографии на пожарникари-спасители на Скопската противпожарна бригада – ретко квалитно осмислен и реализиран производ кој требаше да пренесе порака. Иако по сите параметри се очекуваше да биде традиционален, тоа не се случи. Зошто?

И овој одговор ќе го започнам со една стара моја: “Никогаш повеќе нема да сме втори”, иако во некој аспект “не’ газат”, на ова поле постигнавме да останеме во историјата, како први! Самата идеа и помисла, знам носеше последици, неприфаќање и неразбирање на нешто кое во светски рамки не е топла вода. За некои од врвот ова беше невкусно разголување. Јас на тоа одговорив “Aко така размислуваш , тогаш си во погрешна институција“. Ова е пожарна и ние сме полуголи и на терен. Срам за спасител нема, тој бара живот после акција, неговото тело е вистинска приказна за покажување.

Сепак одлучив да го направам, во работно време (секогаш е работно време за Пожарната, се фотографиравме “на екс” , се случија неколку интервенции истовремено, имавме и момци од календарот кои веднаш пожртвувано заминаа на пожар. Се‘ уште го немавме запознаено новиот командант, кој пак за наша среќа даде зелено светло. Никогаш нема да го заборавам тој момент и поддршка. Ова беше за сите нас!

Вечно благодарен на мојот драг колега Ненад Келебиќ, кој како свежа крв и новопримен надежен спасител, ми помогна со кастингот. За фотографијата и брзата реакција се погрижи фотографот Димитар Апостолов. Ја поддржав одлуката на фотографот, да не бараме покривање на проектот со нечие лого на самиот календар, туку нескромно да се гледаат само пожарникари. Можеби погрешен потег, но историјата е направена. Благодарност до колегите кои се на “Првиот Македонски календар со пожарникари – 2019”.

Сегашноста е проблем како и сегашноста пред мојот подвиг. Треба храброст, желба и еден голем униформиран “лајк” за истото. Службата и светот е на младите, раце за товарот, плуќа зад предизвикот, ум за повеќемина. Еве апел до вас новинарите, “буцнете” по работодавачот и поголемите фирми, кои како спонзор би се нашле во уште попрофесионален проект.

михаил караколев огнобореџ
Фото: Приватна архива

Се добива впечаток дека календарот е само една од идеите во напорот да се заврти вниманието и потенцира достоинството кон оваа хумана но посебно тешка професија. Не мирувате и постојано акцентирате содржини кои го афирмираат имиџот на пожарникарите и со тоа ги привлечат младите луѓе. Од каде толкав ентузијазам?

Природа на наследство 🙂 Да речеме дека доаѓам од спортско семејство од машка страна, упорност и многу литература од женска страна. Мамо, ти благодарам за се’! Ако некому пожарникар е херој, ти си мојот пламен за да станам таков. Уште кога ја имав таа среќа да бидам препознаен на конкурсот, со своите спортски достигнувања меѓу врвот на кандидатите, веќе знаев…

Само еден признавам пред мене, тој е за жал веќе бивш колега,  Мартин Божиновски. Тоа е таа болка, вработуваш атлета, произведуваш пожарникар од светски рамки, не успеваш да го платиш и задржиш. Тоа ме боли, тoa е таа борба и недостиг. “Прва кола не е иста без тебе Мартине”, поздрав до него.

Тетовирана на душата е сопругата. Последните ефекти за сјај на нештата е нејзиниот аманет. Таа е мојот “Dream Catcher”. Мојот гуру против комплексите. Фала ти “Дена” што го сркаш и моите стресови. Таа е Ентузијазам.ком! Ги прегрнувам сите мајки и сопруги на пожарникари. Само тој нивни свет знае што е да чекаш… (солзам, жими се)

михаил караколев огнобореџ
Фото: Приватна архива

Дека станува збор за еден немирен ентузијастички дух  кој размислува “оut of the box” и им пркоси на стереотипите зборува и учеството во скорешното издание на пригодниот календар по повод  машкото здравје, колку афирмативно толку, за жал и повод за малограѓанските озборувања. Би се претпоставило дека е тоа пресметан ризик но и постојан напор да се биде вистинскиот Јас. Колку е тешко да се оди наспроти текот?  

Уште еден предизвик за овој немирен дух. Mихаил е човек кој покрај вежбање сака мода, тетоважи, забава и танцување… Ако некому е стереотип да пожарникар ги поседува овие симпатии кон нештата, тогаш календарот и сличните проекти се за неколкумина. Малку, ама битни да го заситат мојот свет. Ништо ново од нацијата на мудрите. Сите нешто знаеме, професиналци на повеќе нивоа, чергата дотрајана…

На крајот на нештата, добро е да пече, нема да ми е прв пат со оглед на работата. Нека стрелаат – имаме оклоп. Имаме струка вредна за стрип. Еве уште една идеја, кога веќе самоспасувањето и превенција не е реален предмет/проект уште од најмала возраст. Апел број, не знам кој: Училишта, средни и факултети, тропнете каде што треба, нашата обука ќе е бесплатна.

“ОГНОБОРЕЦ” како Робун Худ од Бригадата, се одјавува како “Пена на прием, те слушам добро”. Не заборавајте, телефонскиот број на Пожарната е 193!

михаил караколев огнобореџ
Фото: Приватна архива

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот