ИНТЕРВЈУ: Миа Блажевска Еминова – голема пливачка надеж и вистинска рекордерка! (ВИДЕО)

Миа Блажевска Еминова (14), една од најталентираните македонски пливачки, зад себе има уште една „златна“ година со освојување медали од меѓународните турнири, а постепено поставуваше нови државни рекорди и воедно ги подобруваше своите. Таа е членка на ПВК „Орион“, а нејзин тренер е Илија Стојановски.

Таа во изминатиот период, на Меѓународниот пливачки митинг „Куп на Зрењанин“ во финалната трка од 100 метри мешано, постави нов кадетски, младински и апсолутен рекорд на Македонија со време од 1:04.91 минута.

Воедно Миа постави и нов кадетски и младински рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободно со време од 56:98 секунди.

Но, не само тоа. На митингот во Зрењанин, Миа постави вкупно седум нови рекорди на Македонија на 25м базени во повеќе категории и дисциплини:

Кадетски и Младински рекорд 100м слободно – 56:98

Кадетски и Младински рекорд 50м слободно – 26:34

Кадетски, Младински и Апсолутен рекорд 100м мешано – 1:04:91

Годинава Миа ја започна со златни медали започна на ЛЕН Гранд При – 11 Април во Белград (Србија) и со три нови државни рекорди.

На меѓународниот пливачки митинг во Бања Лука (БиХ) постави четири државни рекорди, во дисциплината 50м грбно каде постави нов кадетски, младински и апсолутен рекорд (30:68 секунди) претставуваше норма за учество на младинското ЕП во Казањ (Русија).

По завршувањето на Медитеранскиот КОМЕН куп во Бургас (Бугарија) од 21-23 јуни 2019 година единствената наша репрезентативка успеа со две четири места, едно 11-то и едно осмо место да освои 41 поен и да ја пласира нашата држава на 12 место од 17 репрезентации во женска конкуренција.

Од 28 јуни до 1 јули 2019 година на Летното национално првенство на Македонија на Олимпискиот базен Миа беше најдобра пливачка по категории кај сениорките, јуниорките, кадетски и постари пионерки.

Таа блесна и на осмиот меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа од 19-20 октомври на базенот „Борис Трајковски“ (25м) – Скопје каде што постави дури 11 рекорди, со напомена дека во меѓувреме дел од нив веќе ги надмина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот