ИНТЕРВЈУ Кристијан Тимоние: Ние можеме да интегрираме во ЕУ само функционални држави

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние деновиве беше во Париз на годишна средба на амбасадорите со францускиот претседател Емануел Макрон. На средбата, меѓудругото, се разговарало и за поактивна улога на Франција во Западен Балкан како и за побрзо интегрирање на земјите од регионот во ЕУ.

По тој повод, „Слободен печат“ направи интервју со амбасадорот Тимоние во кое тој говори за темите на разговор на состанокот со Макрон, но и за отворените прашања во нашата земја и за тоа колку тие се важни за добивање датум за преговори со Унијата во октомви оваа година.

Амбасадоре, деновиве бевте во Париз на годишен состанок со претсдателот Макрон. Од медиумите дознавме дека се говорело за побрзо вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Што точно разговаравте и какви пораки ни носите од Париз?

– На состанокот на претседателот Макрон со амбасадорите на Франција во светот се разговараше за три прашања. Прво, тој инсистираше на фактот дека Франција сака да стане сила урамнотежена на појавите во светот, особено во однос на порастот на другите влијанија. Говоревме за одржување на мултилатерализмот, за климатските промени и животната средина како и за прашањата поврзани со светската трговија. И третата точка, за која тој навистина инсистираше, е изградбата на европската сувереност. Не само изградба на ентитетот ЕУ, туку изградба на вистински суверенитет, а тоа значи капацитет на самата Унија да одлучува за светските прашања и да биде елемент на рамнотежа, но и да биде способна во мултилатералните рамки да има своја тежина и да го зачува сето она што Европа го донесе во човековата историја, но исто така и да остане присутен актер рамо до рамо со големите светски актери како САД, Кина или регионални актери кои се повеќе земале замав и кои можат да станат наши натпреварувачи.

Тоа беше навистина продлабочен говор и точно е дека постои интерес и за земјите од Западен Балкан, во таа визија за водење активна дипломатија во која Франција сака да ја спроведе својата одговорност, бидејки Франција е постојана членка на Советот за безбедност на ОН со силна нуклерана моќ, но и земја коосновач на ЕУ. Затоа имаме и уште поголема одговорност.

Тука важно прашање е прашањето кое не наведува да ги забележиме сите напредоци на земјите од Западен Балкан. Тоа е дел од нашето ангажирање посебно зашто завршувањето на европската изградба не ќе може да се направи без интеграција на овие земји, земји кои, морам да кажам, беа меѓу најпроблематичните затоа што тоа беа земји кои се соочуваа во деведесетите со војни, со распадот на Југославија, и други проблеми и треба да се најде рамнотежа внатре во самите земји, а и треба да се признаат меѓу себе без разлика дали ќе се признаат со име или со самиот факт дека тие држави постојат.

Не очекуваат важни датуми, особено претстојниот Европски Совет и тоа ќе биде момент да се воспостави своевиден биланс. Ние во моментот го правиме билансот, се разбира во соработка со другите држави членки и навистина ќе се обидеме да ги оцениме реформите што беа спровдени, затоа што тоа е единствениот патоказ кој ние треба да го оцениме, патоказ од месец јуни кој поради технички причини беше одложен од страна на нашиот германски партнер и затоа сега ќе кажам дека времето за проценка е на дневен ред. И таа прпценка ќе треба да се направи, особено во поглед на две прашања: геополитиката која е важна за овој регион, но исто така и по сопствените заслуги на секоја од нив за  спроведените реформи.

Дали Макрон го омекнува ставот кон приемот на овие земји од Западен Балкан, особено Македнија и Албанија, за кои претходно имаше одредени резерви?

– Мислам дека зборот „омекнато“ не е соодветен зашто не стануваше збор да бидеме строги со еден обвинет и еден што обвинува туку кој е најдобриот пат што ќе ве однесе во Брисел. Тоа е можеби вистинското прашање – да се тргне од одредени реалности, а не само од ветувања, бидејќи Македонците од Северна Македонија но и ние исто така очекуваме, амбициозната програма која беше отпочната од страна на новите власти од 2016 , 2017 година, да ги видиме првите конкретни резултати.

И секоја земја, се разбира дека ќе биде оценета според сопствените заслуги односно од она што успеала да го постигне на база на критериуми што се нарекуваат копенхашки и кои се објективни а тоа значи функционална правна држава и демократија. Претседателот го повтори тоа како и министерката за европски прашања, а тоа е правна држава и владеење на правото. Тоа е многу важно зашто без сите тие цигли ќе ни биде многу тешко да ја изградиме таа европска сувереност која мора да се заснова, не на недоразбирање, туку на споделено граѓанство и на одреден начин она што значи европска сувереност значи и споделување на сувереноста.

Треба да знаеме точно до каде се стигнати државите кои сакаат да се приклучат на Унијата, до каде тие се стигнати со споделување на сувереноста. А сето тоа се постигнува со споделување вредности. Тие се можеби субјективни, зашто можеби европејците имаа различни навики, култури и пристап, но за една работа за која не можеме да преговараме тоа е владеење на правото.

Од друга страна јасно е дека промените кои се случија во внатрешниот политички живот во Албанија и во Северна Македонија во последно време покажуваат дека владеењето на правото или се уште се оспорува или се уште не е постигнато до одреден степен. Затоа постои одредено размислување кај Франција која сака да даде активен придонес и сакаме да кажеме дека сите земји кои се во прашање, покрај сопствените потешкотии и покрај сопствената историја, но и барањата од меѓународната заедница, знаеме дека тие држави нема да постигнат се сами, туку ние треба да бидема проактивни и да бидеме поприсутни овде, а не само да си седиме од страна и да велиме тогаш ќе ве почекаме да ги исполните критериумите. Затоа мислам дека тука се случи голема промена и тоа беше најавено од нашиот претседател дека нашата агенција за развој ќе ги даде сите средства во регионот за да може да напредува и сега сме свесни дека тоа нема да се направи само по себе.

Говорите за правото и функционирањето на правната држава. Македонија сега се наоѓа во еден правно-политички ќорсокак околу донесувањето на законот за ЈО. Што мислите, како може да се разреши оваа ситуација?

Поставувате клучно прашање. Тоа е прашање кое дури и кај нас е поврзано со корупција па зошто тогаш треба специјален обвинител, затоа што имало корупција. Корупцијата одговара на соодветна состојба во државата зашто корупцијата не може да постои само кај едната страна туку зависи од економските состојби, социјалните односи, политичката традиција итн. Очигледно е дека со тоа се руши довербата, надворешната кај инвеститорите, но се руши и внатрешната доверба кај граѓаните кои мислат дека не можат да се потпрат на државата, односно не можат да ги доверат политичките прашања на лица кои бараат само личен интерес во сето тоа. Станува збор за основа на модерната политичка култура. И во тој случај е многу тешко да размислуваме во такви рамки за влез во европската сувереност доколку не се опорави таа база. Но знам дека за тие работи не може да се променат нештата преку ноќ зашто не сме наивни. Има работи кои можеме да ги направиме за вас но има работи кои вие самите може да ги направите за вас.

А прва работа е во име на тој државен интерес големите политички партии да постигнат согласност. Знам дека е тешко и знам дека тоа не приморува да направиме одредена жртва, особено во личните односи, а пред се во мала земја кога треба да се воспостави одредена рамнотежа, но без тоа минимално согласување околу државниот интерес кој ќе го дефинираат заедно ќе биде многу тешко.

Да ви помогнеме на тој пат кон Брисел. Знаете, можеме едноставно да ги отвориме преговорите и да бидат само отворени и потоа Господ нека ве придружува да го решите проблемот. И ќе видиме, можеби ќе бидат сите задоволни некое време, можеби тоа ќе ги стабилизира работите, иако не знаеме како, затоа што ако општеството продолжи да биде корумпирано младите ќе продолжат да ја напуштаат земјата, а и вашата елита ќе си заминува и затоа не знам како потоа внатре ќе се зајакне земјата и како ние и регионално да помогнеме и на европски план.

Го бараме тој напор од вас како знак дека го поседувате капацитетот да се согласите заедно за тој национален интерес. Затоа што ние можеме да интегрираме во ЕУ само функционални држави и општества кои до одреден степен се помирени меѓу себе. Политичките партии треба да ги надминат личните прашања затоа што знам дека позади тие прашања постојат прашања поврзани со назначување на одредени личности или заштита на одредени личности. Затоа треба да се воспостави доверба . Се додека едната партија мисли за другата да ја уништи таа институција ќе имаме потешкотии.

Знам дека можеби има параноја во сето ова, но ќе треба повторно да се воспостави таа доверба преку компромиси затоа што знам дека се случија сериозни работи кои треба да се расчистат, има сериозни работи кои и во моментов се случуваат, и затоа не можеме да бидеме среќни од сето она што го видовме до сега. Но ни е потребна ефикасна институција затоа што ако истата институција го направи тоа што беше направено пред три години, односно се врати на самиот почеток, тогаш зошто би служела таа. Не би требало истата да донесе нови илузии и внатре и надвор, но ќе кажам ова е важен момент кој може да биде ваша шанса и шанса за Македонците од Севрена Македонија, но е шанса и за нас, затоа што со тоа ќе се докаже дека вие сте способни да надминете  егзистенцијално прашање за политичките партии во име на државниот интерес, а со тоа ќе се покаже дека навистина земјата успеала да постигне напредок. Тоа нема да биде награда на таа или таа партија туку реално ќе биде награда за народот во Северна Македонија затоа што народот заслужува таква награда.

Вие добро го познавате политичкиот живот во земјава , ги познавате и учесниците во преговорите за постигнување компромис. Сметате ли дека брзајќи да постигнеме компромис, од формален аспект, тој компромис нема да значи воспоставување правна држава, туку повторно ќе добиеме политички компромис,  а правото ќе ни избега од раце?

– Ваквата забелешка е одлична. Но ќе треба да се почне од некаков почеток. Тоа значи дека треба да се постигне квалитетен текст но исто така е точно дека текстовите не вредат ништо без нивно духовно спроведување. Но сега сме во случај каде усвојувањето врз разумна база која не значи нели да му ја држиме цврсто раката на другиот, или пак да блокираме само за да се задоволиме дека блокираме нешто и да покажаме дека владата не успеала во нешто.

Доколку ги тргнеме на страна сите овие процедури и тргнеме од државниот интерес тоа ќе има навистина важно политичко значење надвор од текстот и затоа секогаш треба да ја негуваме надежта затоа што тоа би можело да биде првиот камен темелник кон посуштинско разбирање и помирување во однос на правилата во политичкиот живот затоа што тука претстои друга реформа во рамки на политичките партии, во рамки на изборниот закон треба да се направи и пописот затоа што ние би сакале да знаеме колку Македонци од Северна Македонија ќе треба да пречекаме во ЕУ и ме разбирате дека можеби нашето барање е разумно. И сето тоа е дел од она што ќе ни докаже дека државата е функционална.

Тука треба да бидеме креативни, да поседуваме имагинација, но да ја имаме и храброста зашто овде е потребна храброста да се прекине со одредени однесувања. Мислам дека тоа го бара и општеството затоа што јавното мислење и општеството го бараа тоа многу силно додека беше Шарената револуција. Сега тоа барање доаѓа со огромниот бран заминувања на младите луѓе и затоа треба сите политички партии да бидат свесни дека не може да продолжиме како што било претходно на патот кон ЕУ.

Што значи пораката на Макрон до вас да одите да вложувате и да работите?

– Да се инвестира, тоа значи да бидеме поприсутни овде за да ги поддржиме напорите на сите Французи. Сега ќе ви кажам дека во моментов преговараме за да се подготват работите за да може француската агенција за развој да делува овде. Ќе ви кажам дека МНР и сите други засегнати министерства брзо работеа заедно со нас за да почнат подготовките. Почнавме со подготовките дури пред потпишувањето на Договорот, а со тоа се покажа дека се наоѓаме на таа линија на Макрон односно да одат брзо работите.

Разговаравме веќе и со градот Скопје за унапредување на јавниот транспорт во градот и разговараме исто така и за поголема поврзаност на градовите односно за поголема поврзаност на главните градови во регионот и поголема соработка меѓу нив.

Постојат и правните прашања кои треба заеднички да ги решиме помеѓу дрѓавите членки за кој е најдобриот пат за да се најдете на таа динамика на приближување кон ЕУ но од друга страна постои реалноста затоа што вие нема да бидете еврокомпатибилн  без тие судски реформи, без нашата помош, за да го постигнете тоа но и со поголема економска присутност. Француските претпријатија почнуваат полека повторно да се интересираат за регионот затоа што тие се заинтересирани за целиот регион, и затоа е важно целиот регион да биде помирен и да дојде до помирување на самите држави во регионот.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот