ИНТЕРВЈУ Ели Јаковска: Голгетер треба да биде смирен и секогаш спремен за завршница!

Никогаш не се откажувај од она што го сакаш, и работи на остварување на твојот сон, изрека која ja води македонската фудбалерка.

Ели Јаковска, македонската фудбалерка своите први фудбалски чекори ги направи во нејзиниот град Пробиштип, на клупски план ги бранеше боите на ЖФК Борец Велес, ЖФК Тиверија од Струмица, ЖФК Драгон, ЖФК СЦ Истатов од Нов Дојран со кој успеа да освои двојна круна.

Беше најдобар стрелец во македонскиот женски фудбал, благодарение на нејзините одлични настапи направи трансфер во српскиот женски фудбалски првак Спартак од Суботица со чија екипа успеа да се најде меѓу 32 најдобри во Европа.

Повеќе дознајте во направеното интервју на веб порталот на „Слободен печат“ со нашата репрезентативка.

Кога се појави љубовта према фудбалот, што те привлече најмногу во тој спорт?

– Љубовта спрема фудбалот се појави пред 8-9 години, бев љубопитна да влезам во водите на машките спортови. И со оглед на тоа дека е најпопулариот спорт.

Играш на позицијата напаѓач, што треба да го краси еден голгетер за да може да успее во крајната цел?

– Треба да биде смирен, и секогаш спремен за завршница.

Каде ги направи своите први фудбалски чекори, каде ги имаше најголемите успеси?

– Моите први чекори ги започнав во мојот град Пробиштип во фудбалскиот клуб Црешево Топче. Додека најголемите фудбалски успеси ги остварив во фудбалскиот клуб Спартак.

Сподели го искуството кое го имаш во Турција, какви се самите услови за тренинг, со самиот факт што беше дел од Бешикташ, а сега ги браниш боите на Конак Беледијеспор?

– Со оглед на тоа дека две години играв во Турција можам да кажам дека сум задоволна од условите и од развојот на Турската женска лига. Со одлични стадиони, тренизи и се што е потребно за успех и развој за еден играч.

Со оглед на долгата пауза без фудбал поради ситуацијата со Ковид-19, како се подготвуваше на физички план, како одеше самата комуникација со клубот и останатите?

– Неочекувано се појави вирусот и ги измеша сите работи, кој имаше разочарување и прерано завршување на лигата како во сите држави така и кај нас. Останав во Турција каде еден период имавме пауза додека вирусот беше многу активен, кога се намалуваше бројот на заболени имавме тренинг во група по две.

На репрезентативен план имаше повреда пред дуелот со Србија во квалификациите за ЕП, дали е сега се во ред, и можеме ли да очекуваме да бидеш во составот за дуелите со Франција и уште еден против Казахстан?

– Да, имав една мала повреда, која одамна е санирана. Сега со полна сила и спремност ги очекувам натпреварите што следуваат.

Покрај фудбалот, со кои други спортови се занимаваш рекреативно?

– Целото внимание го насочувам кон фудбалот и надоградување на работите што мислам дека ми недостигаат. Како хоби понекогаш играм одбојка.

Имаш ли некоја изрека според која се водиш, која те мотивира пред следните предизвици?

– Never give up what you love, and work on achieving your dream. (Никогаш не се откажувај од она што го сакаш, и работи на остварување на твојот сон).

Некој ваш значаен момент од вашата кариера што ви оставил впечаток..

– Во сеќавање и како најубав дел од мојата кариера е натпреварот против Грузија каде постигнав гол во самите последни секунди од натпреварот во 94 минута за победа на нашиот национален тим до 19 години.

Што им порачала на помладите кои се двоумат дали да почнат со тренирање на најважната споредна работа на светот?

– Спортот е многу важен, исто така и интересен, секој спорт има свој убавини. На младите останува да тренираат, да бидат среќни и да ги остваруваат работите што ги сакаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот