Интерпол предупредува за измами поврзани со епидемијата на коронавирусот

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Интерпол ги предупреди националните полициски служби и луѓето во светот за опасноста од измами во врска со епидемијата на коронавирусот.

Според меѓународната организација за криминалистичка полиција, измамници создаваат лажни онлајн продавници за продажба на заштитни маски и други медицински производи.

– Финансиските загуби достигнуваат стотици илјади долари во само еден пријавен случај. Станува збор за меѓународни криминали – наведува Интерпол.

Криминалците исто така се претставуваат како здравствени службеници, им се јавуваат на луѓе и им даваат лажни информации дека нивни роднина е заболен од коронавирус и има потреба од лекување.

Измамниците користат и лажни пораки, наводно од здравствените власти и испраќани електронска пошта, за да добијат банкарските податоци од „жртвите”.

Интерпол соопшти дека досега им помогнал на национални полиции во 30 случаи на измама, поврзани со коронавирусот во Азија и во Европа, што резултирало со блокирање на 18 банкарски сметки и замрзнување на повеќе од 730.000 американски долари во банкарски трансакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот