Интерпол очекуваат напади за време на транспортот на вакцините ширум светот

EPA EFE
Фото: ЕПА

Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток денеска предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, се очекува „драматично” зголемување на криминалот.

– Со испорака на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми – рече тој во изјава за германскиот весник „Виртшафтсвохе”.

Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, провални кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините”.

Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.

Европските здравствени власти денеска треба да одлучат за пласирање на првата вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот