Интерпелацијата на Џафери в четврток на пленарна седница

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Седницата за интерпелацијата на претседателот на Собранието Талат Џфери ќе биде закажана на 30 јуни во четврток, потврди претседателот на парламентот откако пратеникот Димитар Апасиев побара на денешната пленарна седница да се расправа за работата на собранискиот спикер.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Џафери по вулгарното обраќање на претседателот на Собранието кон собраниски службеници и откако ги заклучи пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување.

Џафери писмено ги отфрли сите обвинувања на опозицијата и смета дека откако тој е претседател на Собранието се унапредени правата на собраниските службеници.

На собранискиот сајт се уште не е закажана седницата на која Џафери треба пред пратениците да аргфументира зошто треба да продолжи да раководи со Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот