Интерните клиники ставени во функција за лекување и на ковид пациенти

Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники, каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

Како што соопшти Министерството за здравство, овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го наруши нормалното функционирање на сите овие клиники.

– Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин”, се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот