Интернет гигантите Фејсбук и Гугл под истрага од ЕК за личните податоци

Фото: Thinkstock

Европската комисија започна да проверува како Фејсбук и Гугл  ги употребиваат лични податоци на граѓаните на ЕУ, кои се нивни корисници.

Портпаролот на Еврокомисијата соопшти дека прашалници биле испратени до двата интернет гиганти.

-Проверката се однесува на тоа како се собираат податоците на граѓаните, како се чуваат, како се користат и кој дел се користи за генерирање приходи од рекламирање”, велат од ЕК.

Испраќањето на прашалник може да биде првиот чекор во целокупната истрага на ЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот