Интересни факти за 8 Март, Денот на жената

Ви ги претставуваме најинтересните факти за денот на жената и воопшто за жената.

Првиот Меѓународен ден на жената

Првите прослави посветени на жените се одржале во САД во 1908 година, но тогаш немале меѓународен карактер. Првиот Меѓународен ден на жената се случил две години подоцна, во 1911 година во различни градови низ целата Австро-унгарската империја.

Датум за збунување

Дали сте знаеле дека првите прослави на меѓународниот ден на жената, всушност се случиле на 19 март? Првпат денот на жената почнал да се слави на 8 март во 1914 година.

Подароци

Ако треба да погодите – што би рекле, кои се најпопуларни подароци за Меѓународниот ден на жената? Се разбира, тоа се цвеќе и чоколадо. Барем во повеќе земји во Европа. Некои други земји во светот имаат свои посебни обичаи во врска со овој празник.

Празник

Дали знаевте дека 28 земји во светот го слават 8 Март како официјален празник? Другите земји што го прославуваат 8 Март не го прославуваат како официјален празник.

Теми

Дали знаевте дека Меѓународниот ден на жената секоја година има посебна тематика? Оваа година, Обединетите нации ја одбраа темата Инспиративни промени.

Венера е моја божица

Дали сте знаеле дека симболот кој понекогаш се користи да се означи женскиот пол (♀), исто така е симбол на планетата Венера и на римската божица Венера? Требало да претставува рачно огледало. Не е ни чудо што жената е поубавиот пол!

Гласот на жената

Меѓународниот ден на жената и исто толку и празник на женската убавина, интелект, напорна работа и грижливост колку што е прослава за нивната историска борба за еднаквост меѓу половите. Дали сте знаеле дека Нов Зеланд била прва земја на модерното време која на жените им дала право да гласаат, во 1893 година?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот