Интересна понуда од Шпанија за Димитриевски (ФОТО)

EPA-EFE

Како што пренесува „estadiodeportivo“, екипата на Севиља ги посакува услугите нашиот чувар на мрежата Димитриевски кој моментно е член на Рајо Ваљекано.

Со Рајо Ваљекано не успеа лани да обезбеди опстанок во „Ла Лига“, но можно е летово да се врати во елитата доколку прифати една од понудите кои доаѓаат на негова адреса.

Претходно Валенсија и Реал Бетис застанаа во трката за неговиот потпис, а дури и од Русија исто така ја следат ситуацијата со нашиот голман.

Според „Марка“, Севиља нуди 2.5 милиони евра за Димитриевски кој евентуално би бил втора голманска позиција во редовите на поранешниот шампион на Лига Европа.

Претходно Еспањол испрати повисока понуда од 4.5 милиони евра, но првите луѓе на Рајо немаат намера да се откажат од Димитриевски и за него бараат шест милиони колку што и изнесува неговата клаузула во договорот.

Има договор со клубот до 2022 година, минатото лето дојде во Ваљекано од Химнастик за 900.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот