ИНТЕРЕСЕН ТЕРЕН ЗА КАМПАЊА: Косовски политичар го „слуша“ и гласот на КРАВИТЕ (ФОТО)

Газета Експрес

Во Косово и официјално започна изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 6 октомври.

Но, уште пред да започне официјалната кампања, кандидатите за пратеници се најдоа на терен за да соберат што е можно повеќе гласови.

Кандидатот за пратеник во косовското собрание од коалицијата Алијанса за иднина на Косово и Социјал-демократската партија, Јетон Зогјани избра кампњата да ја реализира на еден интересен терен, јавува Газета Експрес.

Зогјани објавил фотографија на социјалната мрежа Фејсбук каде се гледа со една крава.

На фотографијата тој напишал најдете ги разликите.

Газета Експрес

Но овој пост на Зогјани не се наоѓа веќе на Фејсбук. Тој одлучил да го избрише, а вели дека кравата побарала такво нешто.

„Го избришав претходниот пост со кравата, бидејќе кравата се жалеше и ми рече гледаш се резиливме, сите портали ја преземаа“, напишал Зогјани.

Инаку Јетон Зогјани е познат косовски актер, односно комичар, кој неодамна влезе во политиката.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот