„Интересен предлог“: Шолц ја поздрави идејата на Макрон за поширок европски клуб

Шолц-Макрон/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија.

– Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме заедно”.

Макрон на денешната средба со Шолц во Берлин изјави дека за Велика Британија би можело да „има место” во поширок европски клуб на демократски земји што се протега надвор од ЕУ.

– Велика Британија одлучи да ја напушти нашата Европска Унија, но може да има место во оваа политичка заедница, изјави Макрон.

Средба Шолц – Макрон во Берлин: Добрата соработка меѓу Франција и Герамнија е важна за цела Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот