Интересен предлог на Италијанците да се спречат повреди по долгата пауза

фото: твитер

Екипите од Серија А се подготвени по секоја цена да го доиграат првенството и најверојатно ќе се согласат да се игра фудбал на секои три дена со што се зголемува ризикот од повреди.

Неизвесноста околу продолжувањето на Серија А сè уште трае, пандемијата на коронавирусот во Италија не стивнува, но екипите сакаат првенството да заврши до крајот на јули за да се намалат финансиските загуби.

Италијанската влада нареди целата држава да биде во карантин до 3. мај, а во зависност од состојбата ќе одлучи дали ќе се укине или продолжи карантинот, но денеска се појавија нови информации дека фудбалот во Италија ќе се врати кон крајот на мај.

Сепак, кога ќе продолжи сезоната, фудбалерите ќе се најдат во проблеми бидејќи нема да имаат доволно време да се подготват за искушенијата кои претстојат, да се играат натревари на секои три дена.
Поради зголемениот ризик од повреди, тренерот на Сасуоло има интересен предлог.

Вообичаено екипите пред почетокот на сезоата имаат шест недели за подготовки и потоа играат само еден натпревар неделно. Овој пат ќе играме на секои тру дена и поради тоа е паметно решение екипите да се поделат во две групи за фудбалерите да не биде премногу уморни. Вториот паметен предлог е да се дозволат пет замени, така натпреварите би добиле на квалитет и би се спречиле повреди – изјави тренерот на Сасуоло, Де Зерби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот