Интересен план Перез, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има и казино кое ќе носи 120 милиони евра профит

epa08986710 General view of the construction site of the Santiago Bernabeu Stadium in Madrid, Spain, 04 February 2021. Remodeling works of the homeground of Spanish La Liga soccer club Real Madrid began in June 2019. EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

По натпреварот навивачите ќе можат да одат на партија покер…

Култниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ се реновира од 2019 година, а се очекува најдоцна до идната година да биде готов и фудбалерите на Реал Мадрид да се вратат во својот дом.
Реновирањето на стадионот ќе чини повеќе од 500 милиони евра,  „Сантијаго Бернабеу“ ќе стане ултрамодерен стадион и во него ќе има и казино.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид сфати дека со отворање на казино во стадионот ќе ги зголеми приходите и поради тоа се согласија таков објект да се наоѓа во реновираниот стадион.
Неофицијално, во Реал Мадрид пресметале дека само од казиното ќе заработуваат по 120 милиони евра годишно.
Фудбалерите на Реал Мадрид до сезоната 2022/23 игра и ќе игра на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“.

ВИДЕО: Навивачите ќе влегуваат на „Сантијаго Бернабеу“ директно од воз

Новиот изглед на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот