Интерес од Олимпијакос, Спортинг ја одреди цената за Ристовски

Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Овој период се шпекулира околу иднината на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој уште од претходно е познато дека грчкиот гигант Олимпијакос ја следи ситуацијата со нашиот дефанзивец.

Се преговара за можна позајмица во грчкиот клуб, а според португалскиот медиум „Рекорд“, Спортинг Лисабон, досегашната екипа на Македонецот, не е против разделба со нашиот 28-годишен десен бек, се додека Олимпијакос не исплати 2,5 милиони евра на крајот од тековната сезона и така се активира клаузулата.

Други извори велат дека до крајот на јануари се очекува досегашниот десен бек Рафиња (35) да го напушти Олимпијакос.

Ристовски има договор со лисабонските „лавови“ до 30 јуни 2022 година и сезонава нема ниту еден официјален настап во најсилното португалско првенство.

Во кариерата играше уште за Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот