Интер за Лаутаро бара 90 милиони евра, плус Гризман и Видал!?

фото: твитер

Во Барселона се шокирани од ваквата понуда на калчолигашот и истата веднаш беше одбиена од страна на каталонскиот гигант.

Барселона и Интер го бараат „решението“ за трансфер на Лаутаро Мартинез (22), одличниот напаѓач на „неро-аѕурите“ кој воедно е голема желба на сонародникот Лионел Меси.

Како што пренесува шпанскиот „АС“, Италијанците предлагаат неверојатна комбинација, односно од шпанскиот шампион бараат 90 милиони евра, плус Артуро Видал и Антоан Гризман на бесплатна едногодишна позајмица.

Во Барселона се шокирани од ваквата понуда на калчолигашот и истата веднаш беше одбиена од страна на каталонскиот гигант.

Аргентинецот Мартинез во миланскиот клуб дојде во летото 2018 година од екипата на Расинг Клуб за 22,7 милиони евра.

Оваа сезона во 31 натпревар запиша 16 голови и четири асистенции, а еден реализираше и против Барса на „Камп Ноу“ во рамките од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот