Интер во првото европолуфинале после 10 години! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва на стадионот во Дизелдорф во четвртфиналниот натпревар од фудбалската Лига Европа екипата на Интер славеше со 2:1 против Баер Леверкузен.

Сите погодоци беа реализирани во првото полувреме, Барела шутираше прецизно од работ на шеснаесетникот за водство во 15 минута од средбата.

Предноста ја зголеми Лукаку шест минути подоцна, белгискиот интернационалец кој убаво беше пронајден од Јанг незадржлив од непосредна близина успеа да ја затресе мрежата на Храдецки.

Германците само го ублажија поразот, односно елиминацијата во 24 минута, Воланд и Хаверц одлично соработуваа, а желбата на Челси Хаверц се запиша во листата на стрелците.

„Неро-аѕурите“ во Келн во полуфиналето на ЛЕ на 16 август ќе играат со подобриот од дуелот Шахтјор Доњецк-Базел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот