Интер со сензационални 90 милиони евра за Пепе?

фото: Инстаграм

Пепе (24), интернационалецот од Брегот на слоновата коска беше сензација минатата сезона во Лига 1 со учинок од 22 голови и 11 асистенции во 38 натпревари.

Десното крило кое може да игра и како централен напаѓач, се поврзува со голем број на европски гиганти како Ливерпул, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Но, од друга страна италијански извори се сомневаат во ваквата приказна поради фактот што „неро-аѕурите“ имаат лимитиран трансфер буџет, а дури и новиот тренер Конте има листа на желби.

Се верува дека приоритет е Ромелу Лукаку за кој „црвените ѓаволи“ бараат од 70-80 милиони евра. Да додадеме уште дека „јорганџиите“ исто така го сакаат Пепе како идеална замена за Антоан Гризман.

Шпанците се подготвени да бидат многу активни на фудбалскиот „пазар“, Атлетико има намера за 120 милиони евра да го купи Жоао Феликс од Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот